Close Menu
Press24
    Најново

    Проектот LERMS лансиран во Mакедонија

    05.11.2026 во 22:24

    Ученик активирал солзавец за време на час

    05.11.2026 во 22:17

    Падот на банката ја однесе фотелјата: Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка

    05.11.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проектот LERMS лансиран во Mакедонија
    • Ученик активирал солзавец за време на час
    • Падот на банката ја однесе фотелјата: Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка
    • Масакр во Турција: Осуммина убиени на три различни локации, полицијата трага по напаѓачот
    • Шасивари: Косово е важен партнер, продолжува зајакнувањето на институционалната соработка
    • Министерката Јаневска за извештајот на ЕК: Горда сум на сработеното
    • Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка 
    • Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проектот LERMS лансиран во Mакедонија

    Проектот LERMS лансиран во Mакедонија

    05.11.2026 во 22:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест институции, еден систем и заедничка дигитална платформа за следење на кривичните предмети – Македонија започнува со користење на LERMS. Овој проект во пракса на ЈО, МВР, Царина, Финансиска полиција и разузнавање, и Агенцијата за управување со одземен имот, им овозможува брзо и безбедно разменување на податоци, автоматизирано статистичко и аналитичко известување, како и следење на предметите низ целиот кривично-правен процес.

    „Брзината со којашто ќе ги добиваме податоците секако дека ќе даде придонес до ефикасна постапка, односно побрзо и поефикасно собирање на податоци, докази коишто ќе бидат од значење за понатамошниот тек на постапката. И секако на тој начин кога ние како институции реагираме брзо и ефикасно, ќе биде и еден голем придонес кон јакнење на довербата кон овие институции“, изјави јавниот обвинител Ненад Савески.  

    Системот ќе овозможи следење на постапките од предистражните дејствија и кривичните пријави, преку обвинителските и судските постапки, до финансиските истраги и постапките за одземање и конфискација на имот. Потписниците на Меморандумот очекуваат овој систем да го забрза и процесот на донесување пресуди.

    „Се надевам дека ова ќе ја забрза и подобри состојбата во судството, затоа што доколку немаме правосилни пресуди – излегува дека ние залудно работиме, залудно трошиме труд и енергија. Нашата цел е секоја наша пријава да заврши со правосилна пресуда“, изјави Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција.

    Овој проект е финансиран од ЕУ и треба значително да ја олесни меѓусебната соработка на вмрежените институции.

    Прочитај повеќе

    Ученик активирал солзавец за време на час

    05.11.2026 во 22:17

    Шасивари: Косово е важен партнер, продолжува зајакнувањето на институционалната соработка

    05.11.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.