Горда на сработеното и позитивните промени кои се нотирани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во областа на образованието и науката.
Благодарна сум за поддршката од Владата, од мојот тим, другите министерства и институции, граѓанскиот сектор, универзитетите и факултетите, компаниите, медиумите и сите други општествени чинители кои ја подржуваат и помагаат работата на министерството. Заедничкиот ангажман дава резултати!, пишува на ФБ министерката Весна Јаневска.
Пред 2 години дадов ветување дека ќе го спречиме слободниот пад на образованието и науката и дека значително ќе ги подобриме состојбите. Тоа го направивме, сега веќе одиме напред, додава Јаневска.

