Close Menu
Press24
    Најново

    Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

    05.11.2026 во 20:02

    Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет

    05.11.2026 во 19:40

    Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

    05.11.2026 во 19:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
    • Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
    • Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
    • Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат
    • Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите
    • МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство
    • Димитриеска-Кочоска: Обвинувањата за јавниот долг се неосновани 
    • Мицкоски: Користењето на порталот за е-услуги е двојно зголемено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

    Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

    05.11.2026 во 20:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со цел да не се шират  шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата, односно МВР, во конкретниот случај соодветно реагираше и го институционализираше случајот, истакна денеска во СВР Струмица директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР Александар Јанев.

    Во изјавата за медиумите тој ја изнесе и хронологијата на трагичниот настан во кој животот го загубија 17-годишната Билјана и нејзиното 21-годишно момче.

    Според Јанев, од страна на сега починатата Билјана и сторителот претходно немало никакви евидентитрани записи во евиденцијата на базите во МВР, за каков било случај, вклучително и случај на семејно насилство.

    – Првата пријава во врска со овие имиња се случила ноќта на 30 септември 2026 година во подоцнежните часови, кога сега покојната Билјана, жртва, тефонски пријавила во полициска станица дека има физички напад врз неа од страна на лице со кое била во љубовна врска. Веднаш по пријавата, односно максимум десетина минути по пријавата, полициски службеници од Гевгелија пристигнуваат во Богданци, излегуваат на лице место и ја наоѓаат веќе покојната Билјана, и вршат разговор со неа. Бидејќи се работи за малолетно лице, го повикуваат и родителот. По пристигнување на родителот жртвата е консултирана и е упатена на лекарски преглед, каде по насоки на јавен обвинител, истиот и е укажан. По прегледот и на неа и на родителот им е укажано да дојдат во полициска станица и притоа цело време истите се обезбедени и закана по нивните животи нема, рече Јанев.

    Во меѓувреме, појасни Јанев, се барал сторителот, сега исто така покоен и бил пронајден и приведен во полициска станица во Гевгелија. По полноќ Билјана, заедно со родителот, дошла во Станицата каде е составен записник за примање на кривична пријава.

    Прочитај повеќе

    Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет

    05.11.2026 во 19:40

    Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

    05.11.2026 во 19:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.