Close Menu
Press24
    Најново

    Студено утро низ Македонија: На некои места температурите паднаа под нулата

    06.11.2026 во 08:16

    Мицкоски во Валандово: Земјоделците добиваат нова можност за наводнување

    06.11.2026 во 08:11

    Извештајот на ЕК на маса во Владата: Што треба да смени Македонија за напредок кон ЕУ?

    06.11.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студено утро низ Македонија: На некои места температурите паднаа под нулата
    • Мицкоски во Валандово: Земјоделците добиваат нова можност за наводнување
    • Извештајот на ЕК на маса во Владата: Што треба да смени Македонија за напредок кон ЕУ?
    • Без струја до 15 часот: Повеќечасовни исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Доаѓа студот: УХМР со викенд временска прогноза
    • Новинарот Александар Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“
    • (ВИДЕО) Хајди Клум ги откри своите два омилени костими за Ноќта на вештерките: Ги чувам сите
    • Модно враќање на домашната сцена: Дизајнерката Ива Спасовска претстави нови креации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Студено утро низ Македонија: На некои места температурите паднаа под нулата

    Студено утро низ Македонија: На некои места температурите паднаа под нулата

    06.11.2026 во 08:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -2,8 степени Целзиусови. Ниски температури се регистрирани и во Маврово и Лазарополе, каде термометрите покажале 1 степен, додека во Крушево се измерени 2, а во Берово 3 степени.

    Во Скопје утрово во 7 часот температурата изнесувала 8 степени, а најтопло било во Гевгелија со измерени 9 степени.

    Температурите покажуваат дека утрата веќе се значително посвежи, особено во повисоките места и планинските предели.

    Денот ќе помине во знакот на променливо облачно време, со повремени сончеви интервали. Во утринските часови во некои котлини можна е појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

    Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 18 степени.

    УХМР

    Во Скопје се очекува променлива облачност, проследена со слаб до умерен северен ветер. Температурата наутро ќе се спушти до 6 степени, а преку денот ќе достигне 17 степени.

    Стабилни временски услови се очекуваат до недела, со повремени сончеви периоди. За време на викендот утрата ќе бидат постудени, а температурите на места ќе се спуштат и под нулата. Во котлините повторно ќе има услови за магла. Од почетокот на следната седмица облачноста ќе биде променлива, а локално е можна и појава на слаб дожд.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски во Валандово: Земјоделците добиваат нова можност за наводнување

    06.11.2026 во 08:11

    Извештајот на ЕК на маса во Владата: Што треба да смени Македонија за напредок кон ЕУ?

    06.11.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.