- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон раководството на СДСМ и лидерот Венко Филипче, обвинувајќи ги дека се занимаваат со изборните резултати во Унгарија наместо да се фокусираат на сопствените внатрепартиски проблеми. Според Петрушевски, некогаш релевантната партија СДСМ сега е доведена до ситуација да „тоне во жива кал“ под водство на Филипче и влијанието на поранешниот лидер Зоран Заев. „СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со сè, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се…
Најстариот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), на 28 април ќе спроведе избори за нов ректор кој ќе го води Универзитетот во мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година. Гласањето ќе биде тајно и ќе се одвива на сите единици во состав на УКИМ, во периодот од 12 до 14 часот. Во трката за престижната позиција официјално влегуваат двајца кандидати кои веќе поднеле комплетна документација: актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет. Професорот Данев, кој два мандата беше декан на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска категорично ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ во врска со наводните сомнителни унгарски инвестиции во телекомуникациите, енергетиката и медиумите. Тој ја обвини опозицијата дека креира лажна реалност, споредувајќи ги нивните тврдења со приказната „Алиса во земјата на чудата“. „СДСМ изминатиов период живее во земјата на лагите и конструкциите. Лани велеа дека државата ќе банкротира, а ние завршивме со еден од најдобрите пет економски резултати во Европа според растот на БДП. Лажеа дека во април ќе дојдат мигранти – еве сме на средина на април, јас мигрант не видов. Велеа дека сме пред банкрот, а пензионерите и…
Преговарачките тимови на Соединетите Американски Држави и Иран наскоро би можеле повторно да седнат на иста маса. Според најавите, нова рунда разговори меѓу двете страни се очекува да се одржи подоцна оваа недела во Исламабад, Пакистан. Целта на оваа средба е да се продолжи политичкиот дијалог кој во претходниот период западна во ќор-сокак и заврши без постигнување на конкретен договор. И покрај тоа што последната рунда преговори не донесе продуктивни резултати, дипломатските извори сугерираат дека двете страни не ги затвориле вратите за натамошни контакти. Напротив, аналитичарите оценуваат дека останува широк простор за продолжување на преговорите. Очекувањата се дека претстојната фаза…
Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството. Оваа порака ја упати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето видео-обраќање по повод 14 Април – Денот на Царинската управа, која годинава одбележува 34 години од своето основање. Министерката нагласи дека Владата останува цврсто определена за сеопфатна модернизација и дигитализација на институцијата, како и за континуирано јакнење на нејзините човечки капацитети. Целта на овие реформи е поефикасна наплата на буџетските приходи, олеснување на трговијата и создавање предвидлива деловна средина. „Царинската служба има клучна улога во олеснувањето на трговијата, администрирањето на…
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци отвори истрага и побара притвор за две лица од демиркапиското село Корешница, на возраст од 37 и 30 години, кои се сомничат за тешко кривично дело – грабнување. Инцидентот, кој наликува на филмско сценарио, се случил на 12 април, кога осомничените брутално претепале жител на Неготино со цел да изнудат признание за силување. Според информациите од Обвинителството, мотивот за грабнувањето бил обидот на 37-годишникот да го присили оштетениот да сними изјава во која признава дека ја силувал неговата сопруга. Грабнувањето започнало во дворот од куќата на жртвата во Неготино. Триесетгодишниот соизвршител употребил пиштол, кој го…
Над 200 цивили го загубија животот во катастрофален инцидент на североистокот од Нигерија, откако воен воздушен напад по грешка погоди локален пазар полн со луѓе. Нападот, кој првично бил планиран и насочен кон позиции на џихадистички бунтовници, заврши трагично поради непрецизност при лоцирањето на целта. Нигериските власти официјално потврдија дека станува збор за погрешно изведен удар од страна на нивните сили. Сепак, засега не се соопштуваат дополнителни детали за тоа како дошло до овој фатален пропуст во разузнавањето или кои фактори придонеле за бомбардирањето на цивилна локација. Овој инцидент повторно ја отвора жестоката дебатата за ризиците од спроведувањето воени операции…
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска во судницата категорично ги отфрли обвинувањата за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. „Ја разбирам содржината, не го признавам делото и не се чувствувам виновна. Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“, изјави Димитровска пред судот, додавајќи дека моментно е вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) како помошник на државниот главен ревизор. Димитровска се товари дека му одала службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ (обвинет во предметот „Адитив“), како и за компјутерски фалсификат, бидејќи, според обвинението, ревизорот Миле Столевски…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува променливо облачно време со сончеви периоди за денешниот ден. Сепак, граѓаните треба да бидат подготвени за промени, бидејќи попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови од државата се очекуваат локални врнежи од дожд. Денешниот ден ќе биде одбележан и со умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец кој ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени Целзиусови. Слична метеоролошка слика се очекува и во главниот град. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време,проследено со умерен до засилен југоисточен…
Најмалку 16 лица се повредени во тежок оружен инцидент што се случи рано утринава во средно училиште во областа Сиверек, во југоисточната турска покраина Шанлиурфа. Напаѓачот, кој подоцна извршил самоубиство, е идентификуван како 19-годишен поранешен ученик во истото училиште. Гувернерот на покраината, Хасан Шилдак, во изјава за медиумите ги потврди деталите за трагедијата. Според неговите информации, младиот човек влегол во училиштето вооружен со пушка и почнал неселективно да пука кон присутните ученици и наставници. #SONDAKİKA | Şanlıurfa’da bir liseye silahlı saldırı düzenlendiği bildirildi.⚫ Olay sırasında bazı öğrencilerin panik halinde kaçmak için camdan atladığı belirtilirken, yaralanma olduğu da aktarıldı. pic.twitter.com/hBbwrM3C6O— Afroasya…
