Шеснаесетгодишно момче од кочанското село Тркање е лишено од слобода поради сериозни закани со огнено оружје упатени кон друг малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалниот полициски извештај, инцидентот ги влече корените од 13 март, кога по претходна вербална расправија околу девојка, осомничениот 16-годишник извадил пиштол и му се заканувал на малолетник од соседното село Оризари. Откако случајот бил пријавен, полициски службеници од ОВР Кочани презеле мерки и вчера (19 март) во 15:45 часот го привеле осомничениот тинејџер. Поради неговата возраст, запазени се сите законски процедури за постапување со малолетници. Службениот разговор во полициската станица бил извршен во…
Повеќе