- Арсенал е шампион на Премиер лигата, 22 години по „Непобедливите“
- Полицаец и полицајка на Косово се затекнати голи во службен автомобил, ги фатиле колеги
- Мицкоски утре на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров
- Џ.Д. Венс: Опција А за Иран е да преговара, опција Б е да се рестартира нападот
- СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
- Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
- Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
- Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
Author: Author 01
Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе има намалување на студентските стипендии и ги оцени како манипулација обвинувањата на СДСМ, нагласувајќи дека Владата работи на унапредување на студентскиот стандард и подобра распределба на средствата. Таа појасни дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобро прераспределување во рамките на квотата со цел стипендиите да се базираат на успех, на потребите на државата и на пазарот на трудот. Министерката уверува дека бројките не се фиксни и дека досегашниот модел оставал неискористени средства во одредени групи. „Да се прејудицира уште од сега дека се…
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска во Стразбур го прими Европскиот орден за заслуги, со кој Европскиот парламент ѝ оддаде признание за нејзиниот децениски ангажман и посветеност на Европската Унија. Таа е вклучена меѓу првите 20 добитници на ова одликување како „истакнат член“, што претставува највисокото ниво на ова признание, заедно со Володимир Зеленски и Лех Валенса. Во својот говор пред европратениците, Меркел упати сериозно предупредување дека современата демократија се наоѓа под голем притисок, нотирајќи ја и улогата на дигиталниот простор. Поранешната канцеларка повика на безусловно зачувување на демократијата, мирот и просперитетот како клучни ветувања кон граѓаните на ЕУ, нагласувајќи…
На редовната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС денеска се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што биле донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, соопшти попладнево претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. Како клучни точки на состанокот се издвојуваат заштитата на имотот во летниот период и чекорите кон енергетска независност на локално ниво. Градоначалниците преку заеднички систем ќе ја зајакнат подготвеноста за справување со вонредни состојби на терен. „Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу единиците на локалната…
Опозициската СДСМ преку официјално соопштение упати остри критики до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека повиците за обединување се само изговор за застојот во реформските процеси. Од партијата порачуваат дека вистинскиот интерес на државата подразбира итни чекори на европскиот пат, а не изолација. Во соопштението јавно се поставува прашањето за мотивите зад владините повици до јавноста и опозицијата. „ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите. За што да се обединиме? За криминал и корупција? За блокада на патот кон ЕУ? За изолација на Македонија? Може да ги исполни реформите и да ги внесе…
Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти, во рамки на Светскиот образовен форум во Лондон.Министерката нагласи дека македонската влада образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста, при што технологијата има голема улога, но клучот останува кај луѓето. „Во денешно…
Одлуката на САД за повлекување на една оклопна бригада, односно околу 5.000 војници од Европа, нема да им наштети на одбранбените планови на Алијансата на континентот, изјави денеска врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич. Тој се обрати во Брисел по состанокот со воените команданти на земјите членки на НАТО, каде што беа разгледани стратешките прилагодувања на сојузот. Командантот појасни дека безбедносната архитектура во Европа се трансформира со поголем ангажман од самите европски држави. Eвропските сојузници и Канада преземаат поголема одговорност за конвенционалната одбрана во Европа, додека американските капацитети континуирано се прилагодуваат. Според неговите зборови, зајакнувањето на европскиот столб во рамките…
Брод со хуманитарна помош од Мексико и Уругвај пристигна во Хавана, во момент кога Куба се соочува со сè потешка економска, енергетска и прехранбена криза. Според кубанските државни медиуми, бродот тргнал од мексиканско пристаниште и пренесувал средства за лична хигиена, како и 1.700 тони жито, млеко во прав и други прехранбени производи. Надлежните во Хавана посочуваат дека кризата на островот е дополнително соочена со надворешни притисоци. Кубанскиот министер за прехранбена индустрија, Алберто Лопез Дијаз, најави дека најголем приоритет при распределбата ќе имаат децата, постарите лица и ранливите семејства. Испораката доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Хавана, откако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да ја посети Србија оваа недела. Наместо тоа, се очекува делегацијата на Украина во Белград да ја предводи Тарас Качка, вицепремиер за европски и евроатлантски интеграции, по претходните најави дека во текот на овие денови украинскиот претседател ќе престојува во Белград. Според информации од проверени извори, посетата на Зеленски на Белград првично била планирана за четврток на 21 мај, но истата е одложена во последен момент. Првичните најави за доаѓањето на украинскиот претседател во Србија биле сигурни, но подоцна станало јасно дека патувањето нема да биде реализирано во планираниот термин поради специфични причини. Посетата сепак…
Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик. Приведувањето е извршено под сомнение за можна вмешаност на 45-годишниот син во смртта на својот татко, која првично се третираше како несреќен случај за време на планинарење. Трагичниот настан се случи во декември 2024 година, кога 71-годишниот Исак Андик загина по пад од карпа висока речиси 150 метри во близина на Барселона. Неговиот син Џонатан воедно бил и единствениот сведок. Иако полицијата ја затвори првичната истрага по неколку недели, случајот беше повторно активиран во март 2025 година. Веќе во октомври…
Владејачката партија преку официјално соопштение упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговата денешна прес-конференција на која најави формирање на нов политички фронт. Од партијата сметаат дека зад овој чекор стојат лични и теснопартиски интереси на луѓе поставени од претходното раководство. Во соопштението директно се повикува актуелниот лидер на опозицијата на соочување со одговорноста од минатото. „Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол „за вистина и правда“. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено, самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДС…
