Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија

    СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија

    19.05.2026 во 21:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ преку официјално соопштение реагираше на предавањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Република Словенија, оценувајќи го нејзиното излагање како неуспех на меѓународен план. Според партијата, наместо да се искористи приликата за потврда на стратешките цели, со изнесените ставови директно се загрозува иднината на државата.

    Во соопштението се нагласува потребата од недвосмислено прифаќање на преземените меѓународни обврски.

    „Наместо јасно и недвосмислено да ја потврди европската обврска и да каже дека внесувањето на малцинствата во Уставот е патот за заштита на македонскиот идентитет и јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија продолжува со празна реторика со која само ја слабее позицијата на Македонија. Прво ќе беше поодветно да каже… дека преговарачката рамка за влез во ЕУ – од која е дел и францускиот предлог – дури повеќе од Преспанскиот договор го осигурува македонскиот идентитет како посебен народ и македонскиот јазик како негова клучна одредница. Тоа се постигнува токму со внесување на бугарското малцинство во Уставот на Македонија.“

    Дополнително, од СДСМ упатија стручни забелешки за начинот на кој претседателката ги елаборираше македонските уставни решенија пред странската јавност.

    „Второ, Сиљановска во Словенија раскажува како македонскиот Устав предвидува права на малцинствата „општо“, за разлика од уставите на други земји. Но, тоа е празна реторика. Уставот и правниот систем ефективно ги препознаваат и реализираат правата само на оние малцинства кои се наведени во неговата Преамбула… Разочарувачки слабо толкување на правата на малцинствата и на македонскиот Устав од страна на професорката по уставно право. Со ова се слабее македонската позиција пред Европа и се даваат аргументи на оние кои сакаат да ја блокираат нашата европска иднина.“

    Партиската реакција завршува со тврдење дека темата за малцинствата се користи за внатрешна пропаганда и за заштита на владејачката структура, со порака дека уставните измени се единственото решение за напредок.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.