- Јаневска од Лондон: Голема благодарност за професорката Илиевска Завршник за афирмацијата на македонскиот јазик во Велика Британија
- Мицкоски: Ја потврдивме заложбата за продолжување на реформите кон европски стандарди
- „Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината
- Серија кражби во тетовските џамии – приведен 16-годишен тинејџер
- ВЛЕН: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик
- Бизарен случај: Прогласен за мртов, па „оживеал“ на масата во погребалната куќа
- Пациент заразен со ебола пристигна во Европа
- Нови правила во ЕУ: Ќе се воведат казни за доцнење на возовите
Author: Author 01
Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во замката на дежурните критичари на игрите на среќа кои многу долг период водат офанзивна битка против легалните игри на среќа. Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување и обид за нивно дефинирање како најголеми општествени штетници. Притоа, свесно се игнорираат аргументите кои јасно и недвосмислено, преку конкретни примери од соседството, ставаат до знаење какви последици имаат државите каде игрите на среќа биле забранети одреден временски период. Она што е симптоматично е што дежурните критичари манипулираат со…
Тензиите на Блискиот Исток се пред нова ескалација додека израелската влада ја чека клучната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп. Сè повеќе индикации упатуваат на тоа дека Вашингтон заклучил дека Техеран не е подготвен да ги прифати испорачаните американски услови за дефинитивен прекин на војната. Подготовките во Пентагон веќе се во напредна фаза бидејќи првичните цели на Вашингтон не се исполнети, особено во делот што се однесува на контролата врз иранската нуклеарна програма. Според извори од Блискиот Исток, воените структури на САД и Израел интензивно се подготвуваат за евентуално продолжување на нападите врз Иран уште во текот на следната недела.…
Дипломатските напори за смирување на тензиите на Блискиот Исток влегуваат во клучна фаза откако САД поставија пет главни услови во својот одговор на предлогот на Иран. Според достапните информации, овие барања се директно поврзани со иранската нуклеарна програма и судбината на замрзнатите финансиски средства. Американската страна целосно го отфрлила барањето за исплата на какви било компензации кон Иран и побарала предавање на залихите со високо збогатен ураниум. Дополнително, Вашингтон инсистира само една нуклеарна централа да остане оперативна во Иран, додека крајот на конфликтот на сите фронтови се условува со продолжување на преговорите. На економски план, САД не се согласни со…
На регионалниот пат Плачковица – Штип се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила. Во судирот, кој се случил во текот на вчерашниот ден, со тешки телесни повреди се здобила една сопатничка, на која помош ѝ била укажана во штипската болница, додека возачот на едно од возилата управувал без соодветна документација. Полициски службеници од СВР Штип веднаш излегле на терен по пријавувањето на настанот. „Вчера во 14:42 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица – Штип, во насока од с.Таринци кон с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика низа реакции во јавноста со објавување на AI-генерирана фотографија на својата платформа „Truth Social“. Со оглед на актуелните зголемени тензии во меѓународните односи, визуелната содржина и пропратниот текст ги оправдаа стравувањата за можна нова ескалација и воени дејства. Објавата користи специфична воена симболика која веднаш беше протолкувана како директен сигнал кон Техеран.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност. „Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе…
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје приведоа 73-годишен жител на скопско село, кој во текот на вчерашниот ден со огнено оружје пукал кон својот помлад брат и неговото семејство. Инцидентот уследил по банална расправија поврзана со паркирање автомобил, а за среќа нема повредени лица. Полицијата веднаш реагирала по пријавата и го лишила од слобода сторителот на кривичното дело. „На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Д.(73) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 14:00 часот пред семејниот дом, по претходна расправија околу…
Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.Министерот појасни дека актуелните субвенции на пазарот веќе даваат сериозни резултати.„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и…
Сѐ уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот. Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашања рече дека се бара оптимално решение со кое државата ќе има доволно и за капитални инвестиции. „Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да направиме едно оптимално решение со коешто ќе имаме доволно и за капитални инвестиции“, рече премиерот Мицкоски. Тој потсети дека досега во земјата се реализирани…
Претседателот на опозициската СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до економските политики на Владата, нагласувајќи дека лошото менаџирање со државната каса ја води земјата кон сериозен финансиски колапс. Според Филипче, состојбата со буџетот е повеќе од загрижувачка бидејќи власта неконтролирано продуцира нови долгови за да ги покрие тековните трошоци и криминалните тендери, додека стандардот на граѓаните стагнира. Лидерот на опозицијата директно го прозва премиерот Христијан Мицкоски за недостиг на капацитет и визија за водење на државната економија. „Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта, предводена…
