Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари

    29.10.2026 во 16:19

    МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат

    29.10.2026 во 16:11

    А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

    29.10.2026 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила во ЕУ: Ќе се воведат казни за доцнење на возовите

    Нови правила во ЕУ: Ќе се воведат казни за доцнење на возовите

    20.05.2026 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патниците кои користат железнички превоз низ Европската Унија во иднина ќе бидат позаштитени од доцнења и откажувања на линиите, благодарение на новата европска регулатива. Измените предвидуваат воведување казни за компаниите, но и укинување на досегашната пракса на менување на возниот ред двапати годишно.

    Хрватскиот европратеник Гордан Босанац ги оцени овие промени како значаен чекор кон подобрување на искуството при патувањето со воз.

    „Денешното усвојување на Регулативата за единствен европски железнички транспорт е голема победа за патниците со железница низ цела ЕУ и прв чекор во нивната заштита од доцнења и откажувања, но и голема зелена победа во зајакнувањето на оваа еколошка форма на патување“, рече Гордан Босанац, пратеник од партијата Мозомо и групата Зелени/ЕСА во Европскиот парламент, додавајќи дека е штета што воведувањето на новите правила ќе трае речиси пет години.

    Според планот, системот на казни за управителите на инфраструктурата и железничките претпријатија ќе стапи на сила почнувајќи од 2031 година, во случаи кога ќе има доцни откажувања или ненавремено затворање на линиите.

    Со новите правила се воведува таканаречениот „ротирачки возен ред“, што ќе им овозможи на патниците подобро и порано да резервираат билети, бидејќи туристичките оператори ќе можат да почнат со продажба многу порано.

    Процесот ќе се одвива преку дигитализација и меѓусебно поврзување на операторите, со што подобро ќе се координира распределбата на железничкиот капацитет помеѓу патничкиот и товарниот транспорт. Ова, според проценките, треба да доведе до очекувано вкупно европско зголемување на железничкиот капацитет од четири проценти.

    Како следен чекор на кој ќе се работи во Брисел се најавува воведувањето на единствен билет за патување низ сите земји-членки.

    „Ова зголемување од четири проценти треба да доведе и до зголемување на бројот на возови и линии, што е добро за патниците на долг рок. Сепак, пред Европскиот парламент и Комисијата стои уште една голема задача, а тоа е воведувањето на единствен европски железнички билет, кој треба да им овозможи на патниците да купат еден билет за патување низ цела ЕУ, наместо да мора да купуваат посебен билет за секој давател на транспортни услуги, во зависност од земјата низ која патуваат, како и воведувањето надомест за доцнења за патниците“, рече Босанац.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.