Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Владата ја води државата кон финансиски крах, долговите се зголемени за 2 милијарди евра

    Филипче: Владата ја води државата кон финансиски крах, долговите се зголемени за 2 милијарди евра

    17.05.2026 во 13:02Updated:17.05.2026 во 14:043 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на опозициската СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до економските политики на Владата, нагласувајќи дека лошото менаџирање со државната каса ја води земјата кон сериозен финансиски колапс. Според Филипче, состојбата со буџетот е повеќе од загрижувачка бидејќи власта неконтролирано продуцира нови долгови за да ги покрие тековните трошоци и криминалните тендери, додека стандардот на граѓаните стагнира.

    Лидерот на опозицијата директно го прозва премиерот Христијан Мицкоски за недостиг на капацитет и визија за водење на државната економија.

    „Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта, предводена од Христијан Мицкоски, кој што нема капацитет ниту познавања држава да води како што треба, а нема ни желба. И сето тоа се манифестира со тоа што има стагнација во растот на платите, нема раст ниту на минималната, на просечната плата нема нешто значајно што граѓаните ќе го почувствуваат како зголемување на стандардот. Последниот знак кој што укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на владата.“

    Како клучен доказ за, како што рече, дилетантскиот однос на власта, Филипче го посочи последното домашно задолжување на пазарот на капитал, каде што извршната власт не успеала да ја собере целата посакувана сума, а долгот од 2024 година до денес енормно пораснал.

    „Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260 милиони евра. Побараа 300 милиони евра, затоа што треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот. Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах. Вкупните долгови се зголемени од 2024 година до сега за нови 2 милијарди евра.“

    Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери.

    „Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта, предводена од Христијан Мицкоски, кој што нема капацитет ниту познавања држава да води како што треба, а нема ни желба. И сето тоа се манифестира со тоа што има стагнација во растот на платите, нема раст ниту на минималната, на просечната плата нема нешто значајно што граѓаните ќе го почувствуваат како зголемување на стандардот. Последниот знак кој што укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на владата“, рече Филипче.

    Тој додаде дека власта за последното задолжување побара 300 милиони евра за да може да го пополни веќе продлабочениот дефицит, што е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски.

    „Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260 милиони евра.Побараа 300 милиони евра, затоа што треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот.  Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах. Вкупните долгови се зголемени од 2024 година до сега за нови 2 милијарди евра“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.