Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината

    „Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината

    20.05.2026 во 10:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратениците во македонското Собрание вчера и официјално го добија владиниот Предлог закон за игри на среќа, со кој се предвидува затворање на легалните објекти. Земајќи предвид дека нашите работни места и официјално се загрозени ние сме принудени да ги користиме сите демократски средства за борба за нашето уставно загарантирано право на работен однос. Во таа насока во петок ќе го одржиме првиот предупредувачки протест на вработените.

    Одговорно тврдиме дека како здружение не сме консултирани за предлогот на Владата, ниту сме биле запознаени со неговата содржина. Нема никаква дилема дека овој Предлог закон за игри на среќа ни ја запечатува судбината. Подготвени сме на официјални средби со пратеничките групи да им ги презентираме сите факти, аргументирано да ги увериме дека со нивното евентуално гласање „ЗА“ ќе остават најмалку 10 илјади луѓе без работа и ќе создадат 35 илјади нови кандидати за иселување од Македонија.

    Нашето здружение одамна и предочува на јавноста дека со воведување дистанца ќе се предизвика целосно затворање на легалните објекти, што по автоматизам ќе создаде епидемија на диви играчници по подруми, над кои државата ќе нема никаква контрола, а младината ќе биде под далеку поголем ризик. Доволно е да се погледнат примерите од соседството. Вчера излезе веста дека во Тирана тамошната полиција разбила голема мрежа на нелегално коцкање во местото Вора кое се одвивале во угостителски објект во кој при акцијата биле запленети поголем износ на пари. Сето ова е последица на четиригодишната забрана на легалните игри на среќа во Албанија. Иако, албанскиот премиер се повлече од забраната, се уште не може да се справи со нелегалните играчници кои согласно неговото признание никнувале како печурки и сериозно му наштетиле на нивниот државен буџет.

    Во Македонија се применува Закон за игри на среќа, кои е еден од најстрогите во регионот и пошироко и содржи европски и светски стандарди за регулирање на оваа економска гранка, а особено за забрана на влез на малолетници во сите легални објекти со лиценци за приредување игри на среќа. Пратениците не треба да влезат во замката на дежурните критичари на игрите на среќа кои многу долг период водат офанзивна битка против овој економски сектор. Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување.

    Излегуваме на серија предупредувачки протести во одбрана на вистината. Бараме институционално соочување со дежурните критичари на игрите на среќа. Крајно време е да ги
    соочиме фактите и аргументите пред целокупната јавност и да видиме кој е подготвен да преземе одговорност за штетните последици кои брзо ќе се случат ако ваквото законско решение стапи на сила. Ние знаеме дека сме во право и стоиме зад сите наши тврдења.

    Доколку нашиот глас и понатаму се игнорира подготвени сме да организираме масовни
    протести.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.