Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

    ВЛЕН: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

    20.05.2026 во 10:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна, велат од ВЛЕН.

    „Протестот заврши, но маските повторно паднаа. Колку и да врескаат, вистината е една.

    Студентите побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, можност што досега не постоеше. ВЛЕН му пристапи на овој проблем сериозно и суштински. Затоа решението нема да застане само кај правосудниот испит. Сите професионални испити ќе може да се полагаат и на албански јазик.

    Кога ВЛЕН ќе земе проблем во свои раце, тој не останува во фиока. Се реши прашањето со професионалните медицински испити. Воспитувачките во градинките го добија своето право. Медресата доби достоинствено решение. Казината се тргаат од местата каде што не им е местото. Така се работи кога има волја. Проблемите што ДУИ со години ги држеше заглавени, ВЛЕН ги затвора еден по еден.

    Сѐ што оставиле ДУИ овие 20 години, се нерешени прашања или половични решенија.

    ДУИ може да вреска колку сака, да манипулира и да се крие зад кого сака, но нивното време заврши“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.