Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче објави Фронтот за вистина и правда!

    Филипче објави Фронтот за вистина и правда!

    17.05.2026 во 14:04Updated:17.05.2026 во 14:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност.

    „Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе имаме директна размена на информации, заеднички истражни тимови и техничка поддршка од Европа. Ова значи дека високата корупција, министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители“, рече Филипче.


    Во рамките на овој столб, предвидено е основање на национална антикорупциска дирекција според моделот на романскиот ДНА.


    „Нова целосно независна институција, полна финансиска и кадровска независност, надлежност за сите, од премиер до градоначалник, до најситен функционер на локално ниво. Директорот се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, за да не може ниту една политичка партија да влијае и да го контролира. Моделот е комбинација на романското ДНА, која има огромна ефикасност, и естонските дигитални алатки. Финансирането, 60% од европските пристапни фондови и 40% од буџетот, плус пари вратени од корупцијата“, рече Филипче.


    Како дел од столбот за нулта корупција и дигитална транспарентност е целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги, според естонскиот модел.

    „Сите тендери, дозволи, сувенции и плаќања ќе се прават исклучиво преку онлајн апликација и една национална дигитална платформа. Граѓанинот или компанијата понесува барање со клик и го следи целиот процес во реално време. Нема физички контакт со службеници. Моделот е естонски, 99% од услугите се онлајн и благодарение на тој модел, Естонија е една од најмалку корумпираните земји во Европа“, рече Филипче.


    Воедно, во рамки на столбот ќе се воведе  задолжителна електронска декларација на имот.


    „Секој функционер од од премиер до најнизок функционер на локално ниво, семејство, го пријавуваат целиот имот,  сметки, акиции, подаровци над 100 евро. Вештачка интелигенција, системот кој ќе користи, ги споредува со примањата. Лажна или нецелосна декларација ке биде предметна кривична одговорност. Моделот е естонски, плус модел кој што се имплементирал во Сингапур“, рече Филипче.


    Како дел од столбот нулта корупција и дигитална транспарентност е заштита и награда за свиркачи и регистар на црни листи.


    „Граѓанин или вработен кој ќе пријави корупција добива 5 до 15% од вратените пари, плус целосна заштита на идентитетот и неговото работно место. Има анонимен онлајн канал, а моделот е по примерот на Естонија и САД. Со јавниот регистар на црни листи, секој осуден за корупција трајно се забранува да врши јавна функција или да учествува на државни тендерски постапки, ќе следуваат строги казни и конфискација на имот. Регистрот ќе биде јавно достапен онлајн. Моделот од естонската и од романската пракса“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.