Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

    Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

    13.05.2026 во 21:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стабилна е состојбата на ученикот кој беше прободен во училишен тоалет во Ченто. Детето и понатаму е на респиратор, но лекарите за Сител потврдија дека веќе е започнат процесот на негово постепено будење.

    „Состојбата постоперативно е стабилна. Детето е се уште на респиратор што значи на машина за дишење. Денес е направен конзилијарен преглед од тимовите што ја извршија операцијата и дадена е насока полека да се буди детето, да се намали седацијата. Сега, за сега ќе остане, додека не биде спремно за пуштање“, изјави д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.

    За случајот известен е јавен обвинител од Одделението за малолетници во ОЈО Скопје кој ќе постапува согласно Законот за правда за децата.

    Градоначалникот Бобан Стефковски вели дека ова е изолиран случај и го осуди насилниот чин.

    „Безбедносната состојба во сите општински основни училишта на територија на оштина Гази Баба е на највисоко ниво и секое училиште има обезбедување “, изјави Стефковски за Сител.

    За утре е свикан состанок и Советот за детско претстапништво во Гази Баба кој треба да резултира со конкретни заклучуци како да се превенираат вакви ситуации во иднина.  Во овој контекст и министерката Јаневска најави законски измени со кои ќе се воведат казни за родителите чии деца вршат насилство во училиштата.

    „Ќе ги замолам пратениците да побараат измена и дополнување во Законот за основно, да вметнеме казна за родителот чие дете е сторител на насилие во училиштето. Во моментов разговараме со нив за да се формулира таа измена, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука. И да напоменам дека се додека се јавува потреба во реалноста ќе правиме измените на законите“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

    Слулајот во училиштето 25 мај не е единствен од ваков тип. Во билтенот на полицијата  минатиот месец беше пријавено дека малолетник бил избоден во училиште  во Арачиново од негов соученик. Токму поради ваквите состојби на зачестено насилство надлежните  покренаа иницијатива за лиценцирање на училишните психолози за да детектираат насилство или други проблеми кај децата

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.