Close Menu
Press24
    Најново

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12

    Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат

    29.10.2026 во 15:11

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полициски началник убиен во кафуле во Хрватска, напаѓачот се обидел да се самоубие

    Полициски началник убиен во кафуле во Хрватска, напаѓачот се обидел да се самоубие

    10.05.2026 во 13:112 Mins Read
    ФОТО: AI Generated Image
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватската јавност е во шок по тешкото убиство што се случи утринава околу 8 часот во кафуле во градот Крапина. Жртва на нападот е Роберт Грилец (52), началник на криминалистичката полиција на Полициската управа Крапино-Загорје.

    Според информациите од хрватските медиуми, началникот Грилец, кој во тој момент не бил на должност, бил застрелан од негов сосед, идентификуван како М.Г. (52). По смртоносниот напад врз полицаецот, сторителот излегол од локалот и се обидел да си го одземе животот со истото оружје. Тој е во тешка состојба и со хеликоптер итно е пренесен во Клиничката болница Дубрава во Загреб.

    Полицијата официјално го потврди трагичниот инцидент:

    „Утринава околу 8:10 часот во угостителски објект во Крапина, маж (1974) со огнено оружје пукал и убил полицаец (1974) кој не бил на должност, по што се пукал во себе со истото оружје. Со хеликоптер е пренесен во болницата Дубрава. Истрагата е во тек.“

    Очевидците и вработените во кафулето опишуваат застрашувачки сцени. Напаѓачот влегол во локалот целосно молчешкум и, без никаква претходна расправа, испукал три куршуми кон Грилец пред очите на петнаесетина муштерии. Убиениот полицаец и напаѓачот живееле во непосредна близина во Крапина.

    Хрватскиот портал „Индекс“ потсетува дека Роберт Грилец беше истакнат полициски службеник. Во 2018 година, тој беше одликуван од тогашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за чесна и примерна служба.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.