Author: Author 01

На социјалните мрежи се појави првата видеоснимка која наводно ги документира жестоките судири меѓу американските специјални сили и иранските паравоени формации за време на високоризичната операција за спасување на вториот член на екипажот на соборениот авион Ф-15. Настанот се одвивал во тешко достапното планинско подрачје Кух-е-Сиах, длабоко во внатрешноста на Иран. Снимката прикажува драматични моменти во кои американските тимови за потрага и спасување се соочуваат со припадници на „Басиџ“, паравоена формација тесно поврзана со Иранската револуционерна гарда. Според информациите кои го придружуваат видеото, операцијата била поддржана од јуришни авиони од типот А-10, кои дејствувале со наведувани ракети кон иранските сили…

Повеќе

Владата разгледува пакет на нови, микро-таргетирани мерки за ублажување на последиците од глобалната криза,кои ќе се активираат во зависност од развојот на случувањата на Блискиот Исток. Една од главните опции кои се на маса е замрзнување на трговските маржи. Како што информираат надлежните, доколку се донесе ваква одлука,евентуалното идно одмрзнување би се вршело постепено за да се избегнат нагли ценовни шокови за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција предупреди дека ситуацијата во Персискиот Залив е исклучително сериозна. Повикувајќи се на податоци од Светската енергетска агенција, тој посочи дека ова е веројатно најголемата криза по волумен уште од 1970-тите години. Само во март, директните штети на енергетската инфраструктура…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски засега не открива дали и кои министри ќе бидат опфатени со евентуалната владина реконструкција, но потврдува дека се подготвуваат кадровски освежувања. На новинарско прашање дали има членови на кабинетот од чија работа не е задоволен и дали ќе има промени во владиниот состав, тој побара трпение од јавноста. „Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес“, дециден беше Мицкоски. Претседателот на Владата го појасни и календарот според кој ќе се одвиваат овие политички процеси. Според неговите зборови, приоритет во следниот период е…

Повеќе

Македонското земјоделство се наоѓа пред целосен колапс, а Владата досега нема донесено ниту една антикризна мерка за помош на овој клучен сектор. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за време на денешната средба со земјоделците во неготинското село Криволак. Филипче предупреди дека драстичното зголемување на цените на нафтата директно предизвикало скок на цените на вештачките ѓубрива и на сите останати производни трошоци. Според него, ова сериозно ја доведува во прашање егзистенцијата на земјоделските семејства и одржливоста на домашното производство. „Ситуацијата е навистина алармантна. Поради негрижата на власта за овој сектор мора да знаеме дека може да се соочиме…

Повеќе

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон Владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи ги последните владини мерки како ненавремени и неефикасни. Според него, одлуките доаѓаат премногу доцна за да можат реално да го заштитат стандардот на граѓаните. Во одговор на новинарско прашање, Филипче истакна дека спиралата на покачување на цените веќе е започната и дека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и услуги. „Мерките се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените веќе започна. Кога ние предупредувавме дека треба да се воведат навремено, како што…

Повеќе

Семејното насилство продолжува да биде сериозен проблем во државата. Во текот на изминатото деноноќие, полицискиот билтен бележи дури четири одвоени инциденти во кои жртвите биле нападнати или им се заканувале нивните најблиски членови на семејството – сопрузи, партнери или деца. Во скопскиот регион се регистрирани три случаи на насилство врз жени. Првиот инцидент се случил вчера во раните утрински часови, кога 26-годишниот Д.Г. бил лишен од слобода во општина Центар, откако физички ја нападнал својата 25-годишна партнерка. Нешто подоцна, 50-годишна жена од скопско пријавила дека околу 01:00 часот по полноќ била физички нападната во сопствениот дом од нејзиниот 52-годишен сопруг…

Повеќе

Граѓаните и бизнис-секторот не треба да стравуваат за снабдувањето со нафтени деривати, бидејќи државата располага со доволни количини и во овој момент нема потреба од никакво ограничување на потрошувачката. Оваа порака ја испрати премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, на која информираше за владините мерки за намалување на акцизите и задржување на повластеното ДДВ од 10 отсто. Мицкоски посочи дека ниските цени на горивата во земјава, кои се најевтини во регионот и во Европа, предизвикале вистински наплив од странски државјани, што довело до рекордна потрошувачка. „Потрошувачката минатата недела достигна рекордни 2 милиона литри на ден. Жесток е притисокот на северната,…

Повеќе

На денешната вонредна седница, Владата донесе пакет мерки со кои директно се интервенира во цената на нафтените деривати, со цел да се заштити стандардот на граѓаните од глобалните ценовни шокови предизвикани од тензиите на Блискиот Исток. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека Владата одлучила да ги намали акцизите: за 4 денари по литар за дизелот и за 2 денара по литар за безоловните бензини (95 и 98 октани). Дополнително,донесена е одлука Данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата да остане намален од 18 на 10 отсто сè до завршувањето на кризната состојба, која истекува на 20 април. Мицкоски појасни дека доколку Владата не реагирала…

Повеќе

Според најновите прогнози на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), граѓаните треба да се подготват за променлива метеоролошка слика во текот на следната седмица. До средината на неделата ќе се задржи стабилно и релативно топло време, кое ќе биде проследено со умерен ветер од северозападен правец. Првата поголема промена на времето се очекува во среда. Синоптичарите најавуваат дека ветерот значително ќе се засили, особено долж Повардарието каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Истиот ден, времето ќе биде променливо облачно, а во западните делови од државата има услови за краткотраен локален дожд. Во четврток ќе преовладува…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните на Скопје дека утре (6 април 2026 година), со почеток во 12:30 часот, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје поради најавен протестен марш. Протестот го организира група граѓани кои сакаат да изразат незадоволство поради неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит. Според најавите од полицијата, маршот ќе започне пред плоштадот „Карпошово востание“. Од таму, демонстрантите ќе се движат по улицата „11-ти Март“, ќе поминат преку Камениот мост и ќе продолжат по улицата „Никола Вапцаров“. Крајната дестинација на протестот е улицата „Димитрие Чуповски“,…

Повеќе