Close Menu
Press24
    Најново

    Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

    13.05.2026 во 21:08

    Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра

    13.05.2026 во 20:56

    На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

    13.05.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра
    • На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
    • Народниот правобранител минатата година разгледал 2.921 предмет
    • Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите
    • Грозоморен случај во Германија: Педијатар обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница
    • Хаос во Турција: Поплави во Самсун, 12 лица хоспитализирани
    • Руте ја предупреди Алијансата: Русија е главната закана за НАТО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Да се стрпиме неколку месеци за имиња, кадровски освежувања во Владата ќе има во мај или јуни

    Мицкоски: Да се стрпиме неколку месеци за имиња, кадровски освежувања во Владата ќе има во мај или јуни

    05.04.2026 во 14:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски засега не открива дали и кои министри ќе бидат опфатени со евентуалната владина реконструкција, но потврдува дека се подготвуваат кадровски освежувања. На новинарско прашање дали има членови на кабинетот од чија работа не е задоволен и дали ќе има промени во владиниот состав, тој побара трпение од јавноста.

    „Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес“, дециден беше Мицкоски.

    Претседателот на Владата го појасни и календарот според кој ќе се одвиваат овие политички процеси. Според неговите зборови, приоритет во следниот период е завршување на внатрешните процеси во владејачката партија, по што фокусот ќе се префрли на извршната власт.

    „Очекувам дека до крајот на април или почеток на мај ќе ја затвориме внатрешната структура во партијата и потоа, во мај-јуни, ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институционални рокади“, додаде премиерот.

    Од оваа изјава станува јасно дека пред почетокот на летото може да се очекуваат промени не само на министерски позиции, туку и во останатите државни институции и ешалони на власта предводена од коалициските партнери.

    Прочитај повеќе

    Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

    13.05.2026 во 21:08

    На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

    13.05.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.