Close Menu
Press24
    Најново

    Дрвошанов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки обезбеди стабилно и непречено функционирање на целиот енергетски систем

    04.08.2026 во 12:23

    Водовод: Скопската вода е потполно безбедна за консумација

    04.08.2026 во 12:18

    Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

    04.08.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрвошанов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки обезбеди стабилно и непречено функционирање на целиот енергетски систем
    • Водовод: Скопската вода е потполно безбедна за консумација
    • Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст
    • Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари
    • Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините
    • Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево
    • ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”
    • Метео аларм од УХМР: Пеколни горештини ја зафаќаат земјава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

    Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

    21.05.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секојдневно гледаме како владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5%. Првото прашање што се поставува е: каде одат овие пари?

    Нема редовна исплата на плати по јавните институции. Нема ниту размислување, а камоли најава за зголемување на минималната плата. Се доцни со социјалните трансфери, се доцни со повратот на ДДВ кај компаниите кои се месечни и тримесечни обврзници. Вкупната сума на пари што оваа Влада им ја должи на компаниите за поврат на ДДВ изнесува близу 200 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција Венко Филипче.

    Овие пари одат само за партиски тендери. И тоа е единственото нешто што добро функционира кај оваа власт.

    Опасно се зголемува вкупниот долг. За 2 милијарди евра, за само две години, е зголемено задолжувањето на земјата. Пари што ќе ги враќаат следните генерации.

    Вкупниот долг, кој беше 8,5 милијарди евра во 2024 година, сега е близу 11 милијарди евра.

    Се поставува прашањето: има ли оваа власт компас? Има ли идеја, има ли визија каде и како ја води државата?

    Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на земјата за огромни суми, стотици милиони евра, милијарди евра пари, кои не одат никаде, освен строго контролирано во партиските фирми преку тендерските постапки.

    Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа.

    Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет — комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска — и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија.

    Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собраниетоm додаде Филипче.

    Прочитај повеќе

    Дрвошанов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки обезбеди стабилно и непречено функционирање на целиот енергетски систем

    04.08.2026 во 12:23

    Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

    04.08.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.