Close Menu
Press24
    Најново

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34

    Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините

    04.08.2026 во 11:33

    Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево

    04.08.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари
    • Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините
    • Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево
    • ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”
    • Метео аларм од УХМР: Пеколни горештини ја зафаќаат земјава
    • Градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид – Стариот заменет по 25 години
    • 5.000 денари за секое првоодделенче во Ресен
    • ФОТО: Почина Биљана, зад себе остави две деца – Тага на српската естрада, пријателите со последно збогум
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата донесе вонредни мерки: Пониски акцизи и замрзнато ДДВ за да се спречи ценовен шок кај горивата

    Владата донесе вонредни мерки: Пониски акцизи и замрзнато ДДВ за да се спречи ценовен шок кај горивата

    05.04.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната вонредна седница, Владата донесе пакет мерки со кои директно се интервенира во цената на нафтените деривати, со цел да се заштити стандардот на граѓаните од глобалните ценовни шокови предизвикани од тензиите на Блискиот Исток.

    Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека Владата одлучила да ги намали акцизите: за 4 денари по литар за дизелот и за 2 денара по литар за безоловните бензини (95 и 98 октани). Дополнително,донесена е одлука Данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата да остане намален од 18 на 10 отсто сè до завршувањето на кризната состојба, која истекува на 20 април.

    Мицкоски појасни дека доколку Владата не реагирала со овие мерки, цената на дизелот ќе надминела 102 денари за литар, додека бензините ќе поскапеле за дополнителни 1,5 до 2 денари.

    За да се амортизира ударот, Владата постигнала и директен договор со рафинеријата ОКТА.

    „Договорено е попустот да се продолжи до крајот на април – од 3 денари за дизелот по литар, а за безоловните бензини дополнителни 2 денари помалку за литар“, соопшти премиерот.

    Кога ќе се вкрстат владините мерки со договорот со ОКТА, крајниот резултат за потрошувачите е стабилизација на цените. Цената на дизелот ќе остане иста како и досега (со што се амортизира потенцијално поскапување од 7 денари), додека цената на бензините од 95 и 98 октани реално ќе се намали за 2 денари во однос на изминатата недела.

    „Не може да бидеме изолирани од влијанието на глобалните процеси, но делуваме и не чекаме кризата да нè прегази“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34

    Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините

    04.08.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.