- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Премиерот Христијан Мицкоски денеска му ја честиташе победата на Петар Маѓар на парламентарните избори во Унгарија, изразувајќи надеж дека новата влада во Будимпешта ќе биде силен сојузник на македонскиот пат кон Европската Унија. Во изјава за медиумите, претседателот на Владата истакна дека од промената на политичкото раководство во Унгарија очекува континуитет во поддршката за македонските државни интереси. „Очекувам проевропски, проинтегративни политики и поддршка за Македонија за членство во Европската Унија“, изјави Мицкоски, упатувајќи му јавни честитки на Маѓар за изборниот триумф. На новинарско прашање за тоа дали очекува враќање на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во азил во Будимпешта,…
Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати во Македонија ќе оди во затвор. Актуелниот премиер, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали очекува негово враќање рече за Груевски има правосилна пресуда, а тој има право, како и секој еден граѓанин, да се жали. -Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави во Македонија, нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада која мора…
Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето 34-годишно постоење, со остварени највисоки приходи досега. Ова беше главната порака на премиерот Христијан Мицкоски на денешниот свечен настан одржан во Филхармонијата по повод јубилејот на институцијата. Според премиерот, во изминатите 20 месеци е направен сериозен пресврт во работењето, што резултирало со надминување на психолошката граница од 12 милијарди денари приходи во само еден месец. „Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност. Овој резултат не доаѓа случајно, туку е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација“, истакна Мицкоски. Осврнувајќи…
Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја посетата на македонската делегација во Вашингтон. Делегацијата е предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој остварува средби со вториот човек на американскиот Стејт департмент. Премиерот појасни дека на маса се исклучително важни теми за иднината на државата. „Темите кои ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, билатералната соработка, енергетиката, како и инфраструктурата во која силно инвестираме. Посебен фокус е ставен и на соработката во одбрамбената индустрија, каде очекуваме…
Решението за употребата на албанскиот јазик во правосудството мора да биде исклучиво во рамките на Уставот и меѓународните стандарди. Ова е пораката што ја испрати премиерот Христијан Мицкоски по вчерашниот протест на граѓани кои бараа полагање на правосудниот испит на мајчин јазик. Премиерот информираше дека веќе е формирана специјална комисија од уставни експерти која има задача да најде правно издржано решение за овој чувствителен проблем. Тој потсети дека актуелниот Закон за употреба на јазиците е веќе оспорен пред Уставниот суд, а Венецијанската комисија има дадено јасно негативно мислење за двојазичноста во судството. „Ако навистина сакаме европски да се однесуваме, тогаш…
ЕИТ со нов повик: Над 240.000 евра поддршка за иновативни стартапи преку програмата Jumpstarter 2026
Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), кој е тело на Европската Унија, официјално го отвори повикот за овогодинешното издание на својата водечка пред-акцелераторска програма – EIT Jumpstarter. Во периодот од март до декември 2026 година, на иноваторите во рана фаза ќе им бидат ставени на располагање над 240.000 евра финансиска поддршка. Програмата е дизајнирана да им помогне на младите претприемачи да ги трансформираат своите научно засновани идеи во одржливи стартап бизниси. Патот до успехот вклучува повеќе од 55 часа специјализирана обука за претприемништво, менторство од врвни експерти, како и пристап до огромната паневропска иновациска мрежа на ЕИТ. Процесот кулминира…
Војната на Блискиот Исток директно ќе се одрази врз светската економија, предизвикувајќи повисока инфлација и побавен глобален економски раст. Ова го истакна директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во пресрет на објавувањето на новите економски прогнози на Фондот кои треба да бидат презентирани следната недела. Според извештајот на агенцијата Ројтерс, Георгиева нагласила дека глобалната економска слика би била значително пооптимистична доколку не избувнеше конфликтот во Заливот, кој предизвика сериозни нарушувања на енергетските и трговските пазари. „Би било поинаку доколку немаше конфликт на Блискиот Исток. Ќе видевме мало подобрување во нашите проекции за раст, а наместо тоа, сите патишта…
Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во земјава не ги даваат очекуваните резултати. Ревизијата, која го опфаќа периодот од 2021 до 2024 година, покажува дека опфатот на скринингот е далеку под европските стандарди, што резултира со доцно откривање на болеста кај најголем дел од жените. Според податоците од ДЗР, во анализираниот период направени се вкупно 20.946 скрининг-мамографии кај жени на возраст од 40 до 69 години. Што се однесува до ракот на грлото на матката, од 2022 до 2024 година, земени се 130.093 ПАП-тестови од жени на…
Најважните избори во ЕУ: Виктор Орбан пред историски предизвик од поранешниот соработник Петер Маѓар
Следната недела Унгарија излегува на парламентарни избори кои меѓународните аналитичари ги оценуваат како најзначајниот политички настан во Европската Унија во последните пет години. По 16 години непрекинато владеење во кои ја трансформираше земјата во модел на „нелиберална демократија“, премиерот Виктор Орбан за првпат се соочува со реална закана за губење на власта. Негов главен предизвикувач е Петер Маѓар, поранешен соработник на власта, кој со својата партија „Тиса“ предизвика политички земјотрес во земјата. Изборната трка се одвива во атмосфера на длабока поларизација, што најдобро се гледа низ тотално спротивставените анкети. Додека независните агенции како „Медијан“ бележат водство на Маѓар од дури 20 проценти (56% наспроти 37% за владејачката…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот крст. Станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни зафати во главниот град – изградбата на булеварот „Македонија“. Според Ѓорѓиевски, овој проект кој со години бил оставен во застој, сега се реализира со засилена динамика, често и во ноќните часови. „Проектот денес добива јасна насока, временска рамка и силна визија за современ урбан развој. Иако подземната сообраќајница како дел од третата фаза е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција зависи од комплетирањето на сите фази – процес…
