Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет

    Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет

    20.05.2026 во 22:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стравот што го продава власта е лажен, бидејќи Европската Унија не го загрозува македонскиот идентитет, моето мислење е дека нема желба да се оди напред во Европа за да продолжат со корупцијата и ништо друго, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. Филипче посочи дека уставните измени не го загрозуваат македонскиот идентитет, јазик и култура.  

    „Нема ниту една одредница идентитетска која што е загрозена со следниот чекор кој што треба да се направи, а тоа се уставните измени. Еве нека кажат, како внесувањето на малцинството во Уставот го загрозува нашиот идентитет или нешто, било што, што утре е навистина ризик. Владата треба да каже што е тоа од што ние се плашиме.Моето мислење е дека нема желба да се оди напред во Европа за да се продолжи со корупцијата и ништо друго. Ама буквално ништо друго“, рече Филипче.

    Тој додаде дека единствената причина за блокираниот европскиот процес е одбивањето од страна на  власта да се прифати решението кое што веќе е на маса.

    „Тоа е моето мислење, а како го аргументирам? Поради тоа што не кажуваат од што се плашат. Од документот кој што е на маса? Кој што денес, ако се случи, ние утре ги отвораме преговорите. Ќе има меѓувладина седница и продолжуваме. Може ќе ја стигнеме Црна Гора во 2028 година, со овој мандат на Фон дер Лајен да бидеме земја членка на Европската Унија. Ако продолжевме по тој пат кој што запревме во 2022 година, кога се блокираше процесот во Собранието, сега можеби и за нас ќе беше веќе напишан договор за членство во ЕУ“, рече  Филипче.

    Во обраќањето, Филипче нагласи дека без европската интеграција нема да има суштински реформи, прогрес и финансиска поддршка за државата.

    „Реформа на нашата држава, вистинска по сектори, прогрес, грантови, неповратни средства нема да има ако Европа не се случи“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.