Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП

    Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП

    20.05.2026 во 20:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ.

    -Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат каде било во Шенген зоната. Аплицирањето секако дека ќе биде во амбадата на Република Хрватска во Скопје и другите конзуларно-дипломатски претставништва на Република Хрватска или директно во Загреб. Но суштината е дека ова е реализација на ова што го зборувме. Гледате дека ние, за разлика од некои од нашите соседи доста тивко ја водиме целата оваа операција затоа што сметаме дека се работи за еден суштински голем проблем кој мора да се реши и не мислам дека е начин на решавање на овој проблем со обвинување на други со плачење над сопствената судбина или со продуцирање на лажни надежи и лажни вести, рече Николоски во Тема на денот на ТВ Сител.

    Појасни дека кога се случил првиот протест на превозниците во февруари првиот чекор го направи самата Европска Унија и го сфати колкав е проблемот и ја презентираа нивната визна стратегија далеку порано од тоа што беше планирано.

    – И од таму беше јасно дека професионалните возачи ќе се признаат како категорија. Кога тоа успеавме да го направиме после беше само прашање на методологија како. Наш став беше дека е најлесно со дологорочни визи. Ќе се сети јавноста дека јас за време на протестите итно отидов за Загреб. Се сретнав таму со владини претставници, вклучувајчи го и мојот колега вицепремиерот и министер за транспорт Оливер Бутковиќ, со кој горе долу рамката ја договоривме и таа рамка сега Хрватска ја реализира и сакам да се заблагодарам. Хрватскиот сабор ја изгласа оваа одлука, рече Николоски.

    Паралелно, додаде тој, работиме и со Романија, при крај е и таму процедурата.

    – Почнавме процедура и со Австрија. Веќе е оваа процедура воведена во Швајцарија, која не е членка на ЕУ но е дел од Шенген зоната, така што со ова ние горе долу го затвораме проблемот, како што кажав, тивко, мирно, без многу помпа овој период, рече Николоски.

    Во однос на ЕЕС ситемот на ЕУ и проблемите со кои се соочија граѓаните и доаѓањето на туристичката сезона, Николоски рече дека тој систем не е дизајниран за нас, но за жал важи и за нас. Целта на ЕУ е справување со проблемите, пред се, со огромната нелегална миграција.

    -Ние имаме две граници на кои овој систем се користи. На границата со Грција и со Бугарија. Летово очекувам голем притисок кон Грција затоа што само на Коридорот 10 поминуваат десет милиони патници годишно, од кои најголем дел се во летната сезона и очекувам дека и таму ќе има решение, рече вицепремиерот Николоски.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.