Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење

    Мицкоски: Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење

    14.04.2026 во 11:302 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин/Влада
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето 34-годишно постоење, со остварени највисоки приходи досега. Ова беше главната порака на премиерот Христијан Мицкоски на денешниот свечен настан одржан во Филхармонијата по повод јубилејот на институцијата.

    Според премиерот, во изминатите 20 месеци е направен сериозен пресврт во работењето, што резултирало со надминување на психолошката граница од 12 милијарди денари приходи во само еден месец.

    „Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност. Овој резултат не доаѓа случајно, туку е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација“, истакна Мицкоски.

    Осврнувајќи се на состојбата пред 20 месеци, премиерот потенцираше дека Владата не наследила беспрекорен систем, туку затекнала хаос, нарушени процеси и со години запоставувана институционална поставеност. Денес, како што рече, таа фаза е надмината, нормализацијата е завршена и воспоставен е ред преку дигитализација и бескомпромисна борба против корупцијата.

    Мицкоски упати директна благодарност до директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, за неговото успешно раководење, но ја истакна и клучната улога на одличната координација со министерката за финансии, Гордана Кочоска-Димитриеска.

    „Тоа партнерство е еден од клучните фактори за постигнатите резултати. Кога институциите работат како тим и имаат јасна цел – резултатите не изостануваат“, подвлече премиерот, додавајќи дека модернизацијата и спречувањето на нелегалните активности остануваат врвен приоритет.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.