Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови постојат услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури се движат од -3 до 3 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне пролетни вредности, во интервал од 13 до 19 степени. Слична временска состојба се очекува и во главниот град. Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 1 степен, а дневниот максимум ќе достигне до 18 степени.…
Повеќе