Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани

    Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани

    14.03.2026 во 15:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошовски денеска истакна дека Македонија и нејзините институции покажале исклучителна професионална подготвеност во справувањето со трагедијата во Кочани од 16 март, во која загинаа 63 млади луѓе, меѓу кои и децa. Својата изјава ја даде на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти од пожарот во Кочани, која се одржува во Скопје.

    „Покажавме дека државата и институциите, особено со докторите, медицинските сестри и здравствените работници, кога сме заедно, посветени, можеме да одговориме на секаков предизвик,” изјави Тошовски.

    Министерот подвлече дека „Министерството за внатрешни работи покажа максимална професионална подготвеност во делот на транспортот и преземање на сите надлежности за се што беше потребно да се одговори на медицинските служби најбрзо што може.”

    Тој изрази дубоко сочувство до семејствата на загинатите и „благодарност до сите што помогнаа во справувањето со трагедијата.”

    Тошовски особено го нагласи значењето на симулираната вежба за цивилна заштита која беше спроведена на 1 февруари 2025 година, само неколку месеци пред вистинската трагедија.

    „На таква трагедија ретко која држава може да одговори максимално ефикасно, брзо и соодветно. Тоа беше ужасна трагедија и се надевам дека никогаш повторно нема да ни се случи нешто слично,” рече тој.

    Вежбата на Кадино во Скопје вклучила МВР, Министерството за здравство, Црвениот крст и Противопожарната служба, и се сметала за исклучително корисна за подготовката на сите институции.

    На денот на трагедијата, Министерството за внатрешни работи ангажирало околу 3.000 полициски службеници кои извршиле сите криминалистичко-оперативни активности и биле вклучени во спасување на човечки животи.

    „Вкупно 115 повредени лица беа транспортирани до странски здравствени установи, каде полициските служби продолжија да обезбедуваат поддршка,” наведе Тошовски. Во операцијата биле вклучени специјални полициски сили со медицински возила, два хеликоптери на МВР, граничната полиција и административни лица кои брзо издавале потребни документи.

    Министерот завршил со апел: „Посака никогаш повторно да не ни се случи таква катастрофа.”

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.