Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин

    Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин

    23.09.2026 во 20:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но засега не е утврден конкретен датум за таква средба, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Изјавата следува откако Трамп посочи дека е можна средба со Путин, но оцени дека е малку веројатно таа да се одржи за време на самитот на Г-20, кој е закажан за 14 и 15 декември во Мајами.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека САД испратиле покана до рускиот претседател за учество на самитот на Г-20. По разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Рубио изјави дека двете страни покажале интерес за ограничено примирје поврзано со испораките на жито и енергетските ресурси.

    Според него, Вашингтон е подготвен да одигра конструктивна улога во постигнувањето на таков договор, кој би можел да претставува почетна точка за пошироко мировно решение.

    Во меѓувреме, како можна локација за средба меѓу Трамп и Путин се споменува и самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АТЕС), што ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Шенжен, Кина. Се очекува Путин да ја посети Кина во тој период, а постојат дипломатски сигнали дека и Трамп би можел да присуствува на форумот.

    Според информациите, кинескиот претседател Си Џинпинг се залага за присуство на американскиот лидер на самитот во Шенжен, додека Пекинг предложил и самиот Си да учествува на самитот на Г-20 во Мајами.

    Во однос на можна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков изјави дека такво нешто во моментов не е на повидок. Тој повтори дека руската страна останува на претходно изнесените услови и оцени дека средба без претходна подготовка не би имала резултат.

    Прочитај повеќе

    Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил

    06.10.2026 во 13:26

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.