Close Menu
Press24
    Најново

    Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција

    29.10.2026 во 08:38

    Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето

    29.10.2026 во 08:35

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето

    29.10.2026 во 08:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект, граѓаните ќе ја платат цената

    Филипче: Мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект, граѓаните ќе ја платат цената

    05.04.2026 во 13:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон Владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи ги последните владини мерки како ненавремени и неефикасни. Според него, одлуките доаѓаат премногу доцна за да можат реално да го заштитат стандардот на граѓаните.

    Во одговор на новинарско прашање, Филипче истакна дека спиралата на покачување на цените веќе е започната и дека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и услуги.

    „Мерките се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените веќе започна. Кога ние предупредувавме дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација“, изјави лидерот на СДСМ.

    Филипче предупреди дека кризата дополнително ќе се продлабочува и дека финансискиот товар најмногу ќе се одрази врз семејните буџети. Тој ја обвини Владата за целосна негрижа кон народот.

    „Кризата ќе станува сè потешка, граѓаните сè повеќе ќе ја чувствуваат на својот грб. За жал, власта е тотално неодговорна и заинтересирана само за себе и своите бизниси“, заклучи Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.