Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

    29.10.2026 во 13:02

    Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте

    29.10.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Избори на УКИМ: Актуелната ректорка Ангелова и професорот Данев во трка за нов тригодишен мандат

    Избори на УКИМ: Актуелната ректорка Ангелова и професорот Данев во трка за нов тригодишен мандат

    14.04.2026 во 12:562 Mins Read
    ФОТО: УКИМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најстариот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), на 28 април ќе спроведе избори за нов ректор кој ќе го води Универзитетот во мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година. Гласањето ќе биде тајно и ќе се одвива на сите единици во состав на УКИМ, во периодот од 12 до 14 часот.

    Во трката за престижната позиција официјално влегуваат двајца кандидати кои веќе поднеле комплетна документација: актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет.

    Професорот Данев, кој два мандата беше декан на Машинскиот факултет (2016-2023), во својата кандидатура промовира визија за модерен и меѓународно конкурентен универзитет. Неговиот фокус е ставен на дигитализацијата, поврзувањето со индустријата и поголема поддршка за студентите и младите истражувачи.

    Од Универзитетската изборна комисија (УИК) информираат дека процесот се одвива строго според предвидениот роковник. Утре истекува рокот за поднесување приговори за листата на кандидати, а доколку нема пречки, на 21 април јавно ќе бидат објавени програмите за работа и биографиите на кандидатите.

    Првичните резултати од тајното гласање треба да бидат познати на самиот ден на изборите (28 април), додека конечните резултати, по завршувањето на евентуалните жалбени постапки и прегласувања, ќе бидат официјално објавени на 14 мај.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

    29.10.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.