Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Холивудско сценарио во Неготино: Грабнат, претепан и мачен во шума за да признае силување, го спасила СМС порака

    Холивудско сценарио во Неготино: Грабнат, претепан и мачен во шума за да признае силување, го спасила СМС порака

    14.04.2026 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци отвори истрага и побара притвор за две лица од демиркапиското село Корешница, на возраст од 37 и 30 години, кои се сомничат за тешко кривично дело – грабнување. Инцидентот, кој наликува на филмско сценарио, се случил на 12 април, кога осомничените брутално претепале жител на Неготино со цел да изнудат признание за силување.

    Според информациите од Обвинителството, мотивот за грабнувањето бил обидот на 37-годишникот да го присили оштетениот да сними изјава во која признава дека ја силувал неговата сопруга. Грабнувањето започнало во дворот од куќата на жртвата во Неготино. Триесетгодишниот соизвршител употребил пиштол, кој го репетирал и му се заканил на оштетениот, по што насилно го качиле во автомобил.

    Насилничкото возење продолжило по стариот пат кон Демир Капија. Осомничените за цело време го удирале оштетениот со боксови, му го фрлиле мобилниот телефон и му ставиле црни ќеси на главата за да ја изгуби ориентацијата. Откако пристигнале во шумски предел, го извадиле од возилото и продолжиле со тортурата. Го удирале со боксови и пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а се заканувале и со убиство и силување доколку не признае дека тој е лицето кое се слуша на одредени аудио снимки. Жртвата през целото време ги негирала обвинувањата.

    Спасот за грабнатиот дошол благодарение на неговата присебност и на соседите. Пред да му биде одземен и фрлен телефонот, тој успеал да испрати СМС порака за помош до полицијата, а соседите кои го виделе насилното внесување во возилото исто така реагирале. Полицијата брзо ги идентификувала и ги контактирала грабнувачите. Сфаќајќи дека се откриени, тие самите го однеле претепаниот маж во полициската станица во Неготино.

    Бидејќи за ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку четири години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за одредување мерка притвор, поради опасност од бегство или повторување на делото.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.