- Вреди: Легитимни прашања бараат институционално решение, a не политичка инструментализација
- Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
- Хаос во Франција: Речиси секоја трета бензинска пумпа е затворена поради недостиг на гориво
- Вечерва замина фудбалска легенда
- Мистерија во Вашингтон: Само Доналд Трамп ја знае судбината на иранскиот договор
- Што му подготвува Трамп на Иран? Левит открива: Само претседателот го знае планот
- Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
- Лишени од слобода седум лица – сузбиена организирана криминална група
Author: Sofija Dizdarevik
Во периодот од 01.03.2026-10.03.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 151 лице, од кои 32 за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, три за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, 50 за возење без возачка дозвола, 12 поради претходно изречена забрана за…
Членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Комисијата за европски прашања при Собранието ќе одржат заеднички состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница. На состанокот, според информирањето од собраниската прес-служба, ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија за 2025 година, кој ќе го презентира директорот Артур Лорковски. Темата на состанокот ќе се фокусира на тековната имплементација на законодавството, предизвиците во усогласувањето со правилата на Енергетската заедница и можностите за подобрување на енергетската политика во земјата.
СДС и кажувањата на раководството предводено од Венко Филипче се демантирани секој ден. И тоа демантирани се од релевантни изјави, релевантни институции. Но, на СДС како да не им се слуша, и секој ден оттаму повторуваат само лаги, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Конкретно, Државната комисија за борба против корупцијата ги демантираше нивните лаги што се однесуваат на Ивица Томовски. Антикорупциската комисија не утврди судир на интереси кај директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Томовски со фирмата Сити аутсорсинг. СДС тврдеше дека е на неговиот татко и дека добила 161 тендер од различни државни институции во…
На дневен ред на денешната седница на Судот се вкупно девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлози за донесување конечни одлуки. Меѓу иницијативите е и онаа на Славко Лазовски со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поради наводна несогласеност со современите уставни вредности. Судот ќе разгледува и иницијативата на Игорчо Точев за оспорување на дел од член 34 став 5 од Законот за минерални суровини, како и одлука за присоединување на компанијата „Боров Дол“ кон „Бучим“, поради наводи за можност за арбитрарно определување на надоместок.…
СДС е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните. Политичката криза во СДС се продлабочува дополнително и со ПР конфузијата која владее во партијата. СДС тоне во сопствениот ПР на лаги, манипулации и деструкција што дополнително допринесува за падот на довербата кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Филипче се обидоа да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија но беа демантирани од сите релевантни институции. Филипче и СДС беа демантирани и од британскиот амбасадор, но сепак продолжија со лагите и измислиците. Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш…
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека при акциска контрола на возачи на товарни моторни возила ширум територијата на државата се изречени вкупно 37 мерки за сообраќајни прекршоци. Контролата беше спроведена вчера, во периодот од 9 до 14 часот, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи, на повеќе подрачја на сектори за внатрешни работи. Акцентот беше ставен на санкционирање на прекршоци од возачи на товарни возила. Од вкупно 37 казни, 12 се за прекршоци поврзани со претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка беше изречена за…
Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува. Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува? Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи, се вели во соопштението од СДСМ. Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не. Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот. Во ек на нафтената криза, РКЕ го смени начинот на одредување на цените на горивата. Да важеше стариот систем на пресметка, РКЕ денес ќе…
Околу 20 милиони евра финансиска поддршка веќе се исплатени кон земјоделците од моментот на усвојување на Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2026, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Топ тема“. Трипуновски посочи дека Министерството во изминатиот период одржало серија состаноци со речиси сите релевантни земјоделски здруженија, со цел заедничко креирање на мерките во годинешната програма. „Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата, кога ги слушнавме предлозите, идеите и сугестиите од здруженијата. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на реалните потреби на производителите“, истакна министерот. Тој нагласи дека…
Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор – Михајлово при Регионален центар за гранични работи – Југ и од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај – Неготино вчера, во близина на клучка Неготино, лишија од слобода 24-годишно лице од село Студеничани, скопско. Претходно, полициските службеници добиле сознанија дека лицето превезува мигранти на патот Гевгелија – Демир Капија. На дадениот знак за запирање, возачот не застанал, но по преземени мерки возилото било присилно запрено. При пребарување на теренот биле пронајдени 10 лица – мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитен центар – Винојуг, Гевгелија за понатамошна постапка. Против…
Министерство за внатрешни работи утрово соопшти дека е изречена итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство. Како што информираат од Единица за насилен криминал при Сектор за внатрешни работи – Скопје, вчера е поднесено барање до Основен граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом на Љ.Б.. Инцидентот се случил на 9 март околу 22:30 часот во Кисела Вода, Скопје, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани со остар предмет кон својот 35-годишен син. Судот донел решение…
