- ВИДЕО: Балканскиот рис повторно фатен на камера во Национален парк
- Експлозија на цената на нафтата од Северното Море: Пробиен прагот од 100 долари
- 78-годишен маж најде граната уште од Првата светска војна
- Тешка сообраќајка во Скопје: Голф се судри со мопед
- Седум млади лица завршија во полиција – полицијата ги фатила со дрога
- Уапсени десет возачи: Возеле без дозвола, мортус пијани, па дури и во спротивна насока
- Вапцање на јајца – еден од најстарите христијански обичаи
- Не сме ваши војници: Анкара со директен „шамар“ до Трамп за улогата на НАТО
Author: Sofija Dizdarevik
Македонски државјани кои во изминатиот период побарале евакуација од земјите на Блискиот Исток денеска треба да се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. Летот ќе поаѓа од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. За евакуацијата се пријавени вкупно 153 патници. Од нив, 96 се наоѓаат во Катар, 33 во Кувајт, 15 во Бахреин и деветмина во Саудиска Арабија. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираа дека, поради тоа што Северна Македонија нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, авионот е планирано да слета на аеродромот во Приштина. Оттаму ќе биде организиран копнен…
Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка за време на Холокаустот. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен-обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, по што ќе се обрати на настанот организиран во чест на жртвите и во знак на сеќавање на трагичните настани од 1943 година. Цвеќе ќе положи и собраниска делегација составена од пратениците Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова. Делегацијата ќе оддаде почит на повеќе спомен-обележја, меѓу кои и Споменикот на депортираните Евреи,…
Во Собрание на Северна Македонија денеска се закажани седници на пет собраниски комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе се најдат неколку предлог-закони, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со претставници на Советот на странски инвеститори, која ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија. На средбата се очекува да се разговара за повеќе актуелни економски прашања поврзани со деловното опкружување и инвестициската клима во земјата. Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на економската соработка меѓу институциите и странските компании, како и мерките што можат да придонесат за дополнително подобрување на бизнис климата. Дополнително, ќе се разгледуваат и потенцијалите за зголемување на конкурентноста на македонската економија, поддршка на постојните инвеститори, како и создавање услови за…
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од –4 до 1 степен, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени. До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот се очекува посвежо време со…
Регулаторната комисија за енергетика во ек на нафтена криза го смени начинот на одредување на цените на горивата во Македонија и наместо секој ден во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, го утврди еднаш недело, на 7 дена. Резултатот е огромни колони на бензинските пумпи и профит врз грбот на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ . Денес цената на нафтата на берзите се движи од 84 до 86 долари за барел и е поевтина во споредба со цената од 96 евра во петокот, кој го направи високиот просек за вчерашното поскапување од 20% на цената…
Управата за извршување на санкциите започна со извршување на втората судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена. Ова го наведуваат од Управата на социјалната мрежа Фејсбук. -Минатата година беше донесена првата пресуда од Основниот суд Велес со која беше изречен куќен затвор во траење од 3 месеци, на старо и изнемоштено лице. Притоа, сега за прв пат е донесено Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кои издржувало казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, остатокот од неиздржаниот дел од казната во траење од 11 месеци и 28 дена се…
Денеска се реализира исплата во износ од 157.834.000 денари кон 123 корисници. Исплатата е по Мерка 2.13 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и се однесува на заклани гоеници, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од МЗШВ нагласуваат дека и понатаму продолжуваат со континуирана поддршка на земјоделците и развој на сточарскиот сектор.
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид започнува со бесплатни психолошки консултации за граѓаните, како дел од своите здравствено-превентивни активности. Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвениот крст во Охрид, секој петок од 9 до 12 часот, со претходно закажување. Заинтересираните можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615. Консултациите ќе ги води гешталт советничката Мерсиха Исмајлоска. Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија, кој има за цел поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент. Бесплатното психолошко советување се реализира во…
Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, во изјава за „КохаКаст“ вели дека Артан Груби е невин додека не се докаже спротивното, нагласувајќи дека принципот на презумпција на невиност е еден од главните столбови на правниот систем. -„Не само Демократската унија за интеграција, туку и самиот правен поредок на земјата го смета за невин, бидејќи презумпцијата на невиност е еден од главните принципи не само во нашиот правосуден систем, туку и во сите современи системи, што значи дека секој се смета за невин сè додека не се докаже дека е виновен“, изјавил Адеми во „КохаКаст“. Поранешниот вицепремиер Артан…
