Author: Sofija Dizdarevik

Демократскиот сојуз укажува на потребата од единство и ги повикува сите партии да покажат државничко однесување, без да создаваат непотребна паника и страв кај граѓаните, користејќи ја војната на Блискиот Исток за дневно-политички поени. Според соопштението, негативните рефлекси од конфликтот се присутни ширум светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат, создавајќи нервоза и психоза на несигурност. На вакви состојби најчувствителни се пазарите и берзите, а вештачки се нарушува и снабдувањето со енергенси. -Многу брзо војната  ќе заврши и ќе почнат разговори и веруваме дека во светот ќе надвладее потребата од мир, како на Блискиот Исток така и во…

Повеќе

Средношколци од СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци денеска ќе ја посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“ организирана од Парламентарниот институт. „Имам став!“ е наменета за ученици од средните училишта и претставува симулација на процесот на разгледување на предлог-закон во Собранието. Целта на активноста е да им се приближи работата на парламентот и процесот на донесување закони до младите, со што се поттикнува развивање на свеста за демократијата и се подготвуваат за општествена и политичка критичност и активна вклученост, соопшти прес-службата на Собранието.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, нагласи дека во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција. Тој се обрати на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања. Муцунски учествуваше на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на…

Повеќе

По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата, се наведува во соопштението од СДСМ. Опозицијата прашува зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните? – Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони. Во ситуации како вчера кога е зголемена побарувачката, потрошувачката на дизел гориво може да надмине 2.000 тони. 14 денари по литар, колку што е зголемувањето,…

Повеќе

Раде Мијајловиќ од Обреновац во Србија, наместо да спрема свадба за својата ќерка единица, со неговата сопруга, двете ги испраќа во вечниот дом. Таткото на Валентина и сопруг на Марина Мијајловиќ, кои на Осми Март загинаа во страшна несреќа кај Корман Поље, во близина на Шабац, додека претекнувале возило, при што се забиле во возило од спротивната насока на патот, за српските медиуми вели дека е скршен од болка. -Ми беа се, мојата ќерка имаше само 24 години. Со мојата жена живеевме и дишевме како да сме една душа. Со неа сум од раната младост. Двете ги загубив…Останав сам на…

Повеќе

Според одлуката за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во државата, во Македонија од полноќ Дизелот поскапе за 14,5, а бензинот за 5 денари.  Според новиот ценовник, дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека цената на најкористениот моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 е утврдена на 79,50 денари за литар. Цената на пооктанскиот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) се продава за 82,50 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС е утврдена на 42,586 денари за килограм. Од друга страна пак,…

Повеќе

На 09.03.2026 во 21:25 часот во селото Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото. Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. Додека, по преземени мерки…

Повеќе

СДС на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДС и политичкиот хаос во кој се наоѓаат. СДС и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДС свесно се обидуваа да создадат страв и несигурност кај граѓаните. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ. Денес, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање…

Повеќе

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера објави известување за македонските државјани во Бахреин дека во среда ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет организиран од Владата ќе се вратат во земјава. Според информацијата од Амбасадата, автобусот на Flynas ќе тргне на 11 март во 06:00 часот од Манама, Бахреин кон аеродромот King Khaled International во Ријад, од каде македонските државјани ќе продолжат со специјален лет за Скопје. Локацијата на поаѓање од Манама е наведена во известувањето на Фејсбук страницата на Амбасадата. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, истакна дека во…

Повеќе

Најниска температура утрово е измерена во Берово, -6 степени Минусни температури се забележани и на Попова Шапка, Лазарополе, Mаврови Анови и во Битола -3, -2 степена во Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Претор и Гевгелија. Според УХМР, 0 степени утрово се измерени во Прилеп, Скопје – Петровец, Тетово, Демир Капија, Охрид и Велес, 1 степен во Кавадарци, Скопје – Зајчев Рид, Штип и Куманово и 2 степена во Виница. Во изминатите 24 часа на Попова Шапка се измерени три литри врнежи на квадратен метар и 65 сантиметри снежна покривка, додека во Тетово и Пожаране е измерен еден литар…

Повеќе