- Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
- Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание
- Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните
- Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери
- Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
- Хороскопски знаци кои остануваат во лоши врски
- Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
- Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
Author: Sofija Dizdarevik
На 08.03.2026 година во 10:43 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на патот кај Козјак, скопско, при пад од четирицикл, со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ. (44), а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ. (39), двајцата од Скопје. Повредените биле пренесени и констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.03.2026 година околу 15:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во село Кучевиште, скопско, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 76-годишната Љ.К. и Т.Д. на возраст од 69 години. По целосно документирање на настанот, од страна на полицијата ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип, по низа инциденти што се случиле во градот. Според информациите од полицијата, околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште во Штип, лицето од М.А. одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршувајќи лажен претрес на возилото. Потоа се упатил кон населбата Ново Село. За време на бегството, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удривајќи во паркирано возило на ул. „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на ул. „Сутјеска“ насилно…
Според одлуката за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во државата, во Македонија од полноќ Дизелот поскапе за 14,5, а бензинот за 5 денари. Според новиот ценовник, дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека цената на најкористениот моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 е утврдена на 79,50 денари за литар. Цената на пооктанскиот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) се продава за 82,50 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС е утврдена на 42,586 денари за килограм. Во соопштението се појаснува…
Државна комисија за спречување на корупцијата денеска напладне ќе ја одржи 29-та седница. Според информациите од Комисијата, на дневниот ред се: Листата на членови на општини кои не поднеле изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК, постапувањето по конкретни предмети, Предлог-записникот од 28-та седница одржана на 17.02.2026 година, како и дискусија за прашања и предлози.
Собрание на Северна Македонија денеска ќе ја одржи 92-та пленарна седница, на чиј предложен дневен ред се наоѓаат повеќе законски решенија. Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за јавното обвинителство, како и за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за данокот на добивка, кои се ставени на дневен ред во прво читање. На седницата ќе се разгледува и Предлог-законот за органско земјоделско производство во второ читање. По скратена постапка се предлага донесување и на измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и измените на Законот…
Цените на нафтата на светските пазари денеска забележаа значителен пад, откако претходно достигнаа највисоки нивоа во последните години поради тензиите на Блискиот Исток. Според последните податоци, цената на нафтата од типот „брент“ падна на околу 92–95 долари за барел, откако претходно се искачи речиси до 120 долари. Падот на цените доаѓа по сигналите дека конфликтот во регионот би можел да се деескалира, што ги намали стравувањата од нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Само ден претходно, цените силно пораснаа поради стравувањата од прекин на транспортот на нафта низ Ормускиот теснец – една од најважните рути за светската трговија со нафта.…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните работи за изградба на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, во рамки на Општина Чучер-Сандево. Како што информира владината прес-служба, вредноста на проектот изнесува 129.717.440 денари. По извршениот увид, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на холокаустот на македонските Евреи. Настанот ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс Треблинка, на местото на поранешниот нацистички логор во Треблинка во окупирана Полска. Според информациите од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи кои во март 1943 година биле депортирани во логорот на смртта. Во македонската делегација, предводена од претседателката, се и амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), како и…
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Скопје. Од 8:30 до 15:00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од улицата „Тодор Александров“, во Комплексот „Олимписко село“ во општина Центар. Како што информира РЦУК, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“, на потегот од крстосницата со улицата „Речиште“ до пред ресторанот „Мерита“ во општина Кисела Вода.
