- Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура
- Тешко повредено 14-годишно девојче, го удриле со товарно возило
- Трамп вели дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“ ако Ираан го одбие договорот
- Венс со јасен став: Вашингтон е подготвен за соработка со кој било победник на изборите во Унгарија
- Внимавајте каде се паркирате во Штип: Специјални возила со камери веќе патролираат низ градот – еве како ќе ве казнуваат
- Тетовец платил илјадници денари на охридска фирма, па останал и без пари и без работа
- Вучиќ предупредува: Светот го чека најголемата криза во историјата
- Драма во градски превоз: Патничка тешко повредена по пад во автобус кај Рузвелтова
Author: Sofija Dizdarevik
Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час. Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти. Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се…
Трагедија ја потресе Србија и регионот за Осми Март, кога две жени, мајка и ќерка, заедно заминаа во смрт, по страшна сообраќајна несреќа. Според податоците од српските медиуми, во 14 часот и 30 минути вчера, на 8 Март, дошло до сообраќајна несреќа кај Корман Поље, во близина на Шабац, кога 49-годишната Марина М. и нејзината ќерка, 25-годишната Валентина М. се обиделе да претекнат возило, па се забиле во возило кое доаѓало од спротивната насока на патот. Мајката и ќерката се наоѓале во автомобил „Голф 6“ и починале на самото место од здобиените повреди. Во другото возило, „Ауди“, биле маж и…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во наредните три дена ќе престојува во Соединетите Американски Држави, каде ќе оствари низа значајни средби и активности. Во рамките на посетата, тој ќе има средби со претставници на Светската банка и со високи претставници на Стејт департментот, а исто така ќе се обрати на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026“, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. На форумот, Николоски ќе говори на тема „Коридори за одржливо поврзување“, со посебен акцент на стратешките паневропски коридори во Република Северна Македонија и инфраструктурните проекти што се реализираат во партнерство со Владата. Во своето…
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска ќе оствари посета на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Јане Сандански“ во Штип. За време на посетата, министерот ќе има можност да се запознае со тековните активности и условите за работа на војската, како и да изврши детален увид во градежните работи кои се изведуваат во два од објектите на касарната. Во рамките на посетата, Владо Мисајловски ќе се сретне и со командниот кадар и со припадниците на Армијата, со цел да разговара за потребите, плановите за развој и модернизација на инфраструктурата, како и за поддршката што Министерството за одбрана…
На 07.03.2026 во 15:20 часот на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М. (32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово. Според пријавеното, нејзината 15-годишна ќерка престојувала кај В.М., кој не ѝ дозволувал да остварува комуникација со нејзините родители. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
На 07.03.2026 во 14:30 часот во селото Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д. (40) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од негов 32-годишен роднина. Според пријавата, околу 12:45 часот во Батинци, таткото на С.Д. се однесувал агресивно кон пријавителот и му упатувал закани со дрвен предмет. Потоа С.Д. му се заканил дека ќе употреби огнено оружје доколку го пријави неговиот татко. По преземени мерки, полициските службеници излегле на местото на настанот, при што под облеката на малолетниот син на С.Д. биле пронајдени и одземени два пиштола и куршуми од различен калибар. По…
На 07.03.2026 година во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р. (23) од Скопје, осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Во 20:10 часот тој починал во установата, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
По вчерашната евакуација на 151 лице од Дубаи, кои вчеравечер пристигнаа на Скопскиот аеродром, се очекува следниот авион да пристигне во вторник, со приближно ист број патници. Третиот лет е планиран за средината на неделата, но сѐ уште се чека да се утврди дали ќе има зголемен интерес кај македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните подрачја, за летот да биде целосно пополнет. Како што изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во тек се активности и за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат во Бахреин, Катар и Кувајт. Планирано е тие најпрво да бидат префрлени…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по делумно влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метри е забележана на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони. Ова…
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија. На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-одлуката за одржување јавна расправа по Предлог-законот за јавното обвинителство. Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, како и за Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, двата во прво читање. По овие два предлог-закона ќе дискутираат и членовите на Законодавно-правната комисија.
