Author: Sofija Dizdarevik

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Филипче изјави дека СДСМ ја поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања поврзани со контролата и управувањето со податоците што ги собира системот „Сејф сити“. „Проблем е што не е јасно што се случува со податоците. Како можеме да поддржиме закон во кој не е регулирано каде се чуваат информациите кои ги собира системот? Граѓаните се снимаат низ целиот град, но никој не знае каде…

Повеќе

Оливер Спасовски од СДСМ се прости од својот пријател и колега, Благојче Трпевски. -Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски. Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени. Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и најблиските. Нека му е вечна слава, напиша Спасовски. Поранешниот пратеник Благојче Трпевски почина на 60. годишна возраст, а веста на социјалните мрежи прв ја сподели екс премиерот – Димитар Ковачевски.  Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те лица…

Повеќе

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде минатата година животот го загубија 63 лица, вчера продолжи со сослушување на соработници на бендот ДНК.  Сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била присутна во објектот во моментот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на инцидентот на Инстаграм, но, како што објасни, го забележала тоа дури наредниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзините зборови, пожарот започнал на плафонот над последната прскалка од левата страна на бината. Прскалката не се запалила, туку плафонот над неа почнал да гори, што предизвикало моментална паника меѓу присутните. Мартина раскажа дека двајца обезбедувачи веднаш ѝ…

Повеќе

На 04.03.2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Центар бил нарушен јавниот ред и мир. Според пријавата, инцидентот се случил по претходна расправија, која прераснала во физичка пресметка помеѓу Д.Д. (28) од Струмица и Ј.К. (25). По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и излегле на местото на настанот за да го документираат случајот, да ги сослушаат учесниците и да обезбедат информации од сведоци. Од СВР Скопје информираат дека, по целосно документирање и обработка на случајот, ќе следува соодветен поднесок согласно законот.

Повеќе

На 04.03.2026 година во 06:10 часот, на подрачјето на скопската општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В. (29) од Скопје. Приведувањето следувало по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка. По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и активности за расчистување на случајот, при што лицето било приведено во полициска станица. За настанот е известен и јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Поранешниот пратеник Благојче Трпевски почина на 60. годишна возраст, а веста на социјалните мрежи ја сподели екс премиерот – Димитар Ковачевски.  – „Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“, напиша Ковачевски. Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“. Несреќата се случи во…

Повеќе

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски, чија сопруга и ќерка паднаа од балкон во скопски Карпош, трагедија која ја зави Македонија во црно, но и ја крена на нозе. Претходно, Обвинителството побара продолжување на мерката поради тековните истражни дејствија, кои вклучуваат вештачење на три мобилни телефони и други предмети, како и обезбедување и анализа на видео-снимки од повеќе локации од интерес за истрагата. Според првичните информации, мајката и детето паднаа од балкон на зграда во Карпош. Случајот бил пријавен во полиција во 14:15 часот, а настанот се случил…

Повеќе

На 04.03.2026 година во 12:34 часот во СВР Скопје, Б.Б. (26) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Дел од корисниците од улиците Мирослав Крлежа, Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов во општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 08:00 до 16:00 часот, информира РЦУК Скопје. Без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат и дел од корисниците на улицата Миле Поп Јорданов, во околината на хотел Гранит, во општина Карпош.

Повеќе

Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Млад франкофонски парламент“. На отворањето на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, како и Иванка Василевска, претседателка на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата. По воведниот дел ќе се одржи седница на Младиот франкофонски парламент – едукативна симулација „Имам став!“, под модераторство на Соња Стаменковска од Парламентарниот институт. На крајот од настанот ќе бидат доделени и сертификати за учество.

Повеќе