Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    08.07.2026 во 16:47

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Со полн мандат и поголема одговорност – ФЗО продолжува со реформи и развој

    Со полн мандат и поголема одговорност – ФЗО продолжува со реформи и развој

    21.05.2026 во 15:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, г. Сашо Клековски, се осврна на актуелните состојби, реформските процеси и идните приоритети на Фондот, при што ја информираше јавноста и за одлуката на Владата на Република Македонија со која е именуван за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат.

    Во своето обраќање, директорот Клековски истакна дека укажаната доверба претставува голема чест, но пред се сериозна обврска за продолжување на започнатите реформи, унапредување на ефикасноста и јакнење на стабилноста и транспарентноста на Фондот.

    „Ова именување го доживувам како признание за досегашната работа на целиот тим на Фондот во изминатиот период, но и како обврска уште посилно и поодговорно да продолжиме да работиме во интерес на осигурениците, здравствените работници и здравствениот систем во целина“, истакна директорот Клековски.

    Тој упати искрена благодарност до Владата на Република Македонија, Претседателот на Владата г. Христијан Мицкоски, Министерството за здравство и Управниот одбор на Фондот за укажаната доверба, како и до раководниот тим и вработените во Фондот за нивната професионалност, посветеност и секојдневен ангажман.

    Посебна благодарност директорот упати и до здравствените работници, осигурениците и медиумите, нагласувајќи дека токму отворената комуникација, критичкиот осврт и професионалното информирање на јавноста претставуваат значаен придонес во градењето на транспарентен, отчетен и одговорен здравствен систем.

    Воедно, директорот Клековски му упати честитки и на новоименуваниот заменик-директор на Фондот, г. Седат Бислими, посакувајќи успешна и продуктивна соработка во понатамошното раководење со институцијата.

    На брифингот беа презентирани и повеќе показатели и информации поврзани со работењето на Фондот, состојбите во здравствениот систем, одржливоста на јавните здравствени установи, продуктивноста, како и прашања поврзани со работните односи и судските постапки.

    Генералниот директор одговараше и на новинарски прашања, при што ја потенцираше определбата на Фондот за отворена, транспарентна и редовна комуникација со јавноста и медиумите.

    „Пред нас е период на многу работа, силно темпо и видливи реформи. Со јасна визија, тимска работа и посветеност продолжуваме напред кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен здравствен систем“, порача директорот Клековски.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.