Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот

    Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот

    21.05.2026 во 14:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор.

    На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот.

    Претставниците на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставниците на МЕМО, ги презентираа актуелните проекти и активности, како и плановите за претстојниот период. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на состанокот нагласи дека клучен приоритет на Министерството е одржување на стабилноста на енергетскиот систем, навремена реализација на проектните активности, како и обврските во однос на Реформската агенда. Како потврда на досегашната одлична работа на Владата на ова поле стигна и од самата ЕК. Имено согласно на комисијата, Македонија е најнапредна во однос на Реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, односно преку Инструментот за реформи и раст.

    Од ЕСМ информираа дека имаат активни проекти кои се потврдени во листата за тековни јавни инвестиции. Воедно, беа презентирани и проекти кои се во фаза на иницирање и дополнително треба да бидат вклучени на листата. На состанокот беше претставен и детален финансиски преглед за периодот Q1 2020–2026 година, кој ги опфаќа приходите, расходите и добивките/загубите, при што беше потенциран позитивниот финансиски резултат во првиот квартал.

    МЕПСО информираше за остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, при што е евидентирана добивка во првиот квартал. На состанокот беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и информацијата дека од јануари 2026 година аукциите за прекугранични капацитети со Србија и Бугарија ги спроведува JAO. Дополнително, беше разгледан напредокот на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои Битола–Елбасан, ТС Охрид, East-West Corridor и останатите проекти кои се дел од проектната листа на компанијата.

    Од страна на НОМАГАС беше истакнато дека досега се започнати и се во различна фаза на напредок повеќе значајни делници од националната гасоводна мрежа, меѓу кои Клечовце–Неготино, Неготино–Битола и Скопје–Тетово–Гостивар, додека во тек се активности за понатамошно проширување кон Кичево и други региони. Компанијата активно работи и на реализација на стратешкиот гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи директно поврзување со европската гасна мрежа и пристап до нови извори на природен гас и LNG терминали.

    МЕМО информираше дека се очекува со потпишувањето на Одлуката на Министерскиот совет за меѓусебно признавање на Гаранциите за потекло да се овозможи поврзување со ЕУ зоната. Воедно, беа разгледани активностите поврзани со процесот на пазарно спојување, тековните приоритети на операторот и нивното целосно правно членство во AIB.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму ќе продолжи со заложбите за обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.