Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:3817 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните знаат дека во ниеден момент во овие три и пол децении СДСМ не ја играл улогата на политички популист. Напротив, покажал политичка визија во моменти кога таа е најпотребна не пазарејќи се за изборни гласови, носел храбри стратешки одлуки кога тие биле најпотребни. Во тоа е моќта на социјалната демократија, вели во интервју за Прес 24, пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

    Тој потецира дека ако власта сепак, се одважи да влезе во процес на уставни измени, тие ќе барааат јасен државен план за отворање на кластерите и поглавјата во текот на преговорите, со конкретни рокови, но и со политичка одговорност.

    -Си поставивме задача повторно да се наметнеме како главен носител на проевропската и социјалдемократската агенда во државата. СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек и политичка храброст во моменти кога таа е најпотребна. Затоа и ќе бараме јасен план за европските интеграции, економски развој и институционални реформи, а не празни политички говори со националистички предзнак и лажни ПР приказни кога реалниот квалитет на живот на граѓаните е сведен на нула, вели Спасовски во интервјуто. На половина од манадатот на оваа влада, според него е јасно дека таа испорача најлоши резултати од било која Влада од осамостојувањето на државата.

    -Во делот на надворешната политика Македонија изгуби драгоцени две години блокирајќи го европскиот пат на државата, без никаква идеја, предлог или одлука како ќе пристапи Македонија понатаму кон Европската Унија, а незадоволството од економските политики ги опфаќа сите категории на граѓани – незадоволна администрација и полиција, напуштени и осиромашени земјоделци, незадоволни бизнисмени, млади кои не ни размислуваат веќе да се обидат да ја градат својата иднина тука, затоа што државата со оваа Влада оди кон должничко ропство, вели Спасовски за прес24.

    Оливет Спасовски во интервјуто зборува и за односите со Платформата 12.05, како и за бегството на Ива Михаилова од Македонија

    ПРЕС 24: Вонредните избори за градоначалник на Брвеница, не се некој голем репер, но сепак станаа дневно-политичка тема. Која е вашата оценка, дали овој резултат за СДСМ е некаков знак?

    СПАСОВСКИ: Голем репер?! Веројатно не, но имајќи предвид дека општините ја претставуваат основата, темелот на секоја партија и нејзината партиска инфраструктура и го одразуваат расположението на гласачите, локалните избори, посебно вондредните, во демократскиот свет претставуваат своевиден референдум за работата на владејачкото мнозинство. Ако го земеме предвид падот на гласовите на ВМРО, во развиените демократии тоа вообичаено значи разнишан легитимитет на владејачката партија и сигнал од народот кој значи незадоволство од власта. Значи, владејачката партија на вакви избори не се натпреварува со опозицијата, иако тоа веќе стана заштитен знак на оваа власт повеќе од две години. На вакви избори таа се натпреварува со самата себеси, односно ги споредува добиените гласови со гласовите што ги добила кога победила. Во однос на резултатот на СДСМ секако дека не добар и тоа треба да биде поттик во зајакнување на програмската понуда и организациската поставеност, јакнењето на партиската кохезија и заедничка борба за социјалдемократски вредности.

    ПРЕС 24: Се чини дека Платформата 12.05 го дели ставот дека овој резултат е пораз за раководството на партијата. Брвеница ја искористија за уште еднаш да побараат оставка?

    СПАСОВСКИ: Првенствено ова е пораз за сите нас кои сме дел од СДСМ и секој треба да си одговори како може да помогне во зајакнување на кохезијата и единството на партијата. Секако раководството има одговорност за целокупното делување на партијата и е првоповикано и во успесите и кога тоа не е случај. Но кога станува збор за општина Брвеница треба да се анализираат сите изборни циклуси во смисла на подршката на СДСМ и на таа основа да се креираат очекувањата.

    ПРЕС 24: Како што стојат состојбите сега, по се изгледа ова раководство на СДСМ ќе има двајца противници на подолг рок. Власта и опозицијата во партијата?

    СПАСОВСКИ: Најголемата штета не само за СДСМ туку за нашата држава претставуваат лошите и штетни политики на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги уназадуваат демократските процеси и стандардот на граѓаните. Затоа СДСМ во овој момент има само еден фокус, а тоа е да биде силна, консолидирана и конструктивна опозиција на оваа власт. Што се однесува до она што вие го нарековте втор опонент, односно внатрешните фракции или платформи, СДСМ како државотворна партија низ изминативе три и пол децении покажа дека е партија со длабоки демократски капацитети во која секогаш имало простор за дебата, за слободно изразување на различно мислење и објективна критика, со јасно поставена граница помеѓу конструктивна внатрепартиска критика наспроти свесно дејствување против сопствената партија, идеалите и вредностите што сопартијците ги поврзуваат.

    ПРЕС 24: Верувате ли Вие во искрените намери на Платформата 12.05?

    СПАСОВСКИ: Јас верувам во дебата, верувам во моите сопартијци, верувам дека личните интереси не смеат да надвладеат над желбата за силна и консолидирана СДСМ и уште помалку над борбата за успешна и европска Македонија. А токму државата ни е во ќор сокак: на меѓународен план, Македонија се наоѓа во статус-кво позиција со замрзнат процес на евроинтеграции, внатрешните политики се погубни со енормна презадолженост и катастрофален животен стандард. Затоа и верувам дека нема да дозволиме дефокусирање од реалните проблеми, продолжена надворешно-политичка неизвесност, изостанување на клучните реформи и понатамошно осиромашување на народот. Верувам во дијалогот во кој ќе имаат сите капацитет отворено да зборуваме но и да слушаме се во име на нашата заедничка борба против штетните политики на ДПМНЕ.

    ПРЕС 24: Има ли простор за разговор, за надминување на оваа сега прилично затегната ситуација?

    СПАСОВСКИ: Апсолутно! Како што веќе кажав, верувам во дебата и сметам дека само со здрава конструктивна дискусија ќе стигнеме до напредок, стабилност и квалитетни решенија. Претставувањето на различните перспективи и аргументи помага да се видат предностите и недостатоците на било кое решение, да се изгради долгорочен консензус за клучните прашања, а сите ние тоа му го должиме на СДСМ, бидејќи само така ќе помогнеме во носење на издржани и храбри одлуки. А тоа е моторот на демократијата и основа за нејзиниот развој и понатамошниот тек на државата.

    ПРЕС 24: Како опозиција јасен е ставот околу оценките на работата на Владата за овие две години и неколку месеци. Но, лично Вие, кои се Вашите анализи, каде ова владино мнозинство најмногу потфрли?

    СПАСОВСКИ: Незадоволство насекаде – така би можеле накусо да се опишат овие две години владеење на ВМРО ДПМНЕ! Оваа Влада испорача најлоши резултати од било која Влада од осамостојувањето на државата. Во делот на надворешната политика Македонија изгуби драгоцени две години блокирајќи го европскиот пат на државата, без никаква идеја, предлог или одлука како ќе пристапи Македонија понатаму кон Европската Унија, а незадоволството од економските политики ги опфаќа сите категории на граѓани – незадоволна администрација и полиција, напуштени и осиромашени земјоделци, незадоволни бизнисмени, млади кои не ни размислуваат веќе да се обидат да ја градат својата иднина тука, затоа што државата со оваа Влада оди кон должничко ропство. Минималната плата која се закотви на 26.000 денари не ги покрива ниту основните месечни потреби за храна на едно четиричлено семејство, чија потрошувачка кошничка со трошок за кирија достигна околу 90.000 денари. Дури 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата, а одбиени се предлозите на СДСМ за 600 евра минимална плата и за финансиска помош на земјоделците. И згора на тоа, уште размислуваат да увезат економски работници како евтина работна сила со што уште повеќе ќе ги дотолчат нашите работници. За две и пол години јавниот долг се зголеми за 2,5 милијарди евра и до крајот на годината се очекува да надмине 11 милијарди евра.

    Само каматите што државата ги плаќа годишно се околу 350 милиони евра за оваа 2026 година. Во рок од 10 месеци се понудени три различни буџетски конструкции, што укажува на комплетна нестабилност во економската политика, а буџетскиот дефицит останува висок на 4,1% од БДП и се очекува да надмине 900 милиони евра, а за пензиите недостигаат околу една милијарда евра. Се кратат капитални инвестиции. Изостанува и поддршката за домашното стопанство, се намалува поддршката за малите и средни претпријатија, доцни повратот на ДДВ, пари што законски им следуваат на фирмите за редовно работење, ликвидност и нови инвестиции. Дури 210 компании се одбиени за склучување договори според Законот за финансиска поддршка на инвестициите, затоа што Министерството за финансии дало негативно мислење дека нема пари, а да не зборуваме за неподмирени обврските од 750 милиони денари кон 170 компании од пред две години.

    Во здравството ситуацијата е хаотична, а парите за здравството, што е најчувствителниот сектор за граѓаните, се намалени. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати кои се расипуваат секој втор ден, а потоа со месеци не се поправаат. Пациентите чекаат со месеци за дијагностика, нема лекови, апаратите за дијагностика не работат, терапиите за најранливите пациенти од кои им зависи лекувањето доцнат и по половина година. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа се принудени да лутаат од една во друга болница. Уште една црна точка за оваа власт се земјоделците. Неместо откуп, субвенции, мерки за гориво, европски фондови, испорачана им е изолација, зголемени трошоци за земјоделско производство, зголемена цена на дизелот и за ѓубриво, немање субвенции ни откупни цени. А кога во Собранието баравме поддршка за земјоделците преку закон, никој од нив не гласаше. Ова не е земјоделска политика, туку напуштање на земјоделецот којшто ја храни државата. А јас лично, не можам, а да не го споменам потфрлањето на оваа власт во безбедносниот сектор.

    Укинувањето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница е враќање години назад и поништување на она кое успешно го завршивме додека го водев безбедносниот сектор – реформите кои се спроведоа по препораките на Прибе. Механизамот кој го воспоставивме за да спречиме повторни злоупотреби и политизација на службите, власта го урива за да воведе целосна партиска контрола како во времето пред 2017 година. Притоа, смешно е што МВР оценува дека законот е системски правилно поставен и усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО, но сепак предлага негово укинување, како подготовка за најавуваното спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Да потсетам, спроведовме реформи по стандарди на ЕУ и НАТО за да имаме професионални безбедносни служби, разграничени надлежности, демократска контрола и заштита на граѓаните.

    Затоа ОТА беше формирана како посебна агенција, а АНБ беше издвоена од МВР. Но сега ВМРО ДПМНЕ тоа го поништува за партиски и лични цели, сакајќи да направи нова партизација на службите и нивна целосна контрола заради злоупотреба во политички интереси. И покрај се ова, премиерот уште се дрзнува да раскажува бајки дека сме трета економија во Европа, први во туризам, лидери во авиосообраќај, со пензии покачени за 16 пати.

    ПРЕС 24: Целата власт во Македонија реално е сконцентрирана во владеачката коалиција. Од друга страна анкетите покажуваат големо опзициско прасположение коие изразува недоверба кон речеиси сите политички понуди. Дали тоа значи дека СДСМ во моментов нема сериозна понуда, или пак вашиот лош рејтинг како партија е резултат се уште на внатрепартиската недоверба едни со други?

    СПАСОВСКИ: И тоа како има понуда! Имаме нова програмска платформа за идеолошко редефинирање и јасно позиционирање против актуелната власт, промовирана на 32. Конгрес на СДСМ, која ќе биде преточена во конкретни политики за правда, солидарност, плати, здравство, образование, пензионери и млади со кои ќе ја вратиме довербата кај граѓаните. И самиот слоган на 32. Конгрес на СДСМ „Твоја држава – твоја шанса“ ја носи пораката која е упатена до сите гласачи, не само до нашето членство. Новата програмска рамка, која има за цел да стане политички инструмент за дејствување, акцентот го става на социјалната правда, фер оданочување, повисоки плати, силни институции и европска перспектива, повторно мобилизирање на левиот и центристичкиот електорат кој во изминатите години покажа дека е демотивиран или разочаран.
    СДСМ, враќајќи се кон традиционални идеолошки позиции, уште еднаш потврди дека стои зад суштината на социјалдемократијата. Си поставивме задача повторно да се наметнеме како главен носител на проевропската и социјалдемократската агенда во државата. СДСМ покажацврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек и политичка храброст во моменти кога таа е најпотребна. Затоа и ќе бараме јасен план за европските интеграции, економски развој и институционални реформи, а не празни политички говори со националистички предзнак и лажни ПР приказни кога реалниот квалитет на живот на граѓаните е сведен на нула. Истите тие граѓани заслужуваат нормален и безбеден живот, поголем семеен буџет, пониски сметки, достапен лекарски преглед, лекови и редовни терапии… Затоа работиме да понудиме програма заснована на заштита на трудот, раст на платите, поефикасна борба против скапотијата, праведно оданочување, антикорупциски механизми, департизација на институциите и нов социјален договор за младите. Оттука, целната група на СДСМ веќе не е само членството, туку и граѓанскиот сектор, синдикалните организации, стопанствениците, младите, жените…сите прогресивни сили на едно општество коишто бараат јасни правила, а не заробена држава, правда по мерка на власта, клиентелизам и партиска милост. Затоа ја поставивме и „Скопската иницијатива“, која ја претставува пораката дека наместо регион на стравови и националистички конфликти, Балканот може и треба да биде простор на прогресивна соработка. Со тоа пред нас поставивме и една поширока историска задача – да покажеме дека во регионот сè уште има политичка сила што верува во демократија, солидарност, човечко достоинство и европски пат.

    ПРЕС 24: Она што исто така е важен момент за добар изборен резултат е коалицискиот капацитет, нешто што некогаш беше предност на СДСМ, а сега го нема? Или, еве да речеме, во кого од блокот на партиите на Албанците Вие би препознале иден партнер?

    СПАСОВСКИ: Капацитетот сам по себе не значи ништо ако не зборуваме за исти принципи. СДСМ постави основа за идна соработка, поставивме перспективи, имаме пред себе слика какво општество сакаме да создадеме за нашите граѓани. Поставените принципи се тие што даваат стратешко и вредносно значење за секој нов потенцијален коалициски партнер и морален легитимитет пред сопствените гласачи. Накусо, за СДСМ тоа претпоставува бескомпромисен евроинтеграциски курс преку деблокада на преговорите со ЕУ и цврсто застанување зад преговарачката рамка како единствен пат за напредок, потоа вредносен консензус усогласен околу економските мерки кои ќе значат заштита на работничките права, повисока минимална плата, социјална помош со зачувување на меѓуетничкиот баланс и придобивките на Охридскиот рамковен договор,земјоделци во фокусот на државата.

    И, секако, реформи во правосудството и владеење на правото, со заеднички заложби на сите коалициски партнери за ветинг во правосудството, борба против системската корупција и спречување на партизација на државата од страна на актуелното мнозинство кое, наспорти споменатите принципи, е создадено како „математичка“ коалиција, склучена исклучиво за поделба на функции и тендери, додека граѓанинот е доведен на питачки стап, се буди и легнува со истите проблеми.

    ПРЕС 24: Партијата има став дека случајот Ива Михаилова е резултат на договор. Има ли логика и вистина во изјавите на бугарскиот амбасадор во земјава дека Михаилова била под постојан полициски надзор и дека не нелогично нејзиното заминување туку така?

    СПАСОВСКИ: Мислите, за скандалот со пуштањето на Ива Михаиловска?! Станува збор за директен пропуст во домашните безбедносни структури имајќи ја предвид активната забрана за напуштање на државата и одземените пасоши. Затоа сомнежите сѐ повеќе одат во насока на однапред договорена операција на актуелната власт направена во Софија, после која уследи политички театар за замајување на јавноста. Затоа и категорично повикуваме на кривично и политичко расчистување на овој случај до комплетна разрешница со цврсти докази. А не и овој скандал да се заташка како оној за петте тони дрога кои ја поминаа границата, а одговорност сѐ уште нема. И пак сето да помине со изјава на министерот за внатрешни работи за границата како „швајцарско сирење“ додека тој е уште на чело на ресорот?!

    ПРЕС 24: Ве прашувам од аспект на тоа дека слични обвинувања за договор постоеја и во случајот Груевски?

    СПАСОВСКИ: Ваквата паралела е надвор од памет, а ќе потсетам и зошто. Груевски беше осуден, а Михаилова осомничена и допрва ја очекува судење. Тоа значи дека за Груевски одговорноста беше кај Судот, а не кај МВР како сега. Во однос на случајот со Груевски пак ќе потсетам дека полицијата не смее да следи граѓани без соодветна судска наредба, без налог за притвор или присилно приведување. А ефективна мерка притвор не беше определена од страна на судот, иако тој беше обвинет во повеќе предмети на СЈО. Напротив, судот издаде таква мерка дури откако Груевски ја помина границата. И конечно, за разлика од скандалозните случаи како овој со Михаилова, каде обвинетите минуваат граница со лична карта, истрагата на Обвинителството покажа дека Груевски ја напушти територијата на Македонија илегално, без да биде евидентиран на официјален македонски премин.

    ПРЕС 24: Дали според Вас, европската перспектива на државата е речиси затворено прашања, или пак е можен ичекор на Власта оваа и почетокот на следната година?

    СПАСОВСКИ: Од она што во овие две години можеме да го видиме е дека европската перспектива е уште едно неисполнето ветување со кое беше побарана доверба од граѓаните. Да потсетам, ВМРО ДПМНЕ дојде на власт со лажна кампања дека ќе ја подобри преговарачката рамка, дека ќе го врати уставното име, дека ќе го поништи Преспанскиот договор… само да дојде на власт! Еве веќе две години поминаа, но тие ниту го вратија името, ниту ги подобрија условите во преговарачката позиција, а не само што не го поништија Преспанскиот договор, тие дури и го испофалија. Во нивната кампања, и тогаш, во 2024 година, додека беа во опозиција и сега, кога се на власт – само лаги. Две цели години државата изгуби на лажни кампањи – скапоцено време за развој и за приближување кон Европската Унија, а последиците од одложувањето најмногу го чувствуваат граѓаните, кои се од ден на ден сѐ посиромашни, во сѐ подлабоки долгови, кои живеат изолирано, од денес за утре во очекување на следната плата, следната кредитна рата, следното гледање на децата на вибер, бидејќи за директна средба немаат ни пари, ниту здравје за чекање со часови и часови на границите. И никој не е засегнат од изгубеното време; ни Брисел ниту Софија не ја засега тапкањето во место на Македонија, засегнати сме само ние самите, граѓаните на оваа држава. И токму заради граѓаните би сакал да го видам првиот направен чекор на оваа власт. Бидејќи ЕУ носи правила, закон еднаков за сите, независни непартизирани институции и слобода на говор и демократски амбиент за развој на медиумите. Вредности кои и тоа како им одговараат на граѓаните, но по сѐ изгледа не и одговараат на владејачката структура.

    ПРЕС 24: Ако власта сепак влезе во процес на уставни измени, дали СДСМ би бил конструктивен играч, или би се трансформирал во она што беше ВМРО ДПМНЕ последните 4 години, политички популист за придобивање гласови од една ваква тема?

    СПАСОВСКИ: Граѓаните знаат дека во ниеден момент во овие три и пол децении СДСМ не ја играл улогата на политички популист. Напротив, покажал политичка визија во моменти кога таа е најпотребна не пазарејќи се за изборни гласови, носел храбри стратешки одлуки кога тие биле најпотребни. Во тоа е моќта на социјалната демократија. Ако власта сепак, се одважи да влезе во процес на уставни измени, ќе бараме јасен државен план за отворање на кластерите и поглавјата во текот на преговорите, со конкретни рокови, но и со политичка одговорност. И, секако, целосен јавен отчет за спроведеното, бидејќи народот има право да знае каков е планот, до каде е стигната реализацијата, кој е следниот чекор, но и кој ќе одговара ако повторно останеме во европската чекалница, а не да им се продава ветер и магла. Впрочем, и Самитот ЕУ – Западен Балкан кој се одржа летово во Црна Гора, потврди дека регионот е дел од иднината на Европската Унија, а проширувањето повторно добива политички моментум.

    Притоа, уште еднаш беше потврдено дека клучниот услов за формално отворање на следната фаза од преговорите остануваат уставните измени. Затоа и како партија во новата Платформа посебен акцент ставивме на деблокада на преговорите со ЕУ и бескомпромисен евроинтеграциски курс преку цврсто застанување зад преговарачката рамка како единствен пат за напредок до кој ќе дојдеме со зајакнување на демократијата, владеење на правото и борба против корупцијата, од кои зависи европската иднина која им припаѓа на граѓаните на Македонија. Наместо инает, СДСМ покажува визија, а наместо изговори – бараме резултати!

    Прочитај повеќе

    Димовски: Случајот Михаилова отвора сериозни прашања за улогата на бугарските безбедносни структури

    18.10.2026 во 12:15

    Селин Анил Октај: Diamond Mall не е само место каде што се купува, туку место каде што луѓето сакаат да поминуваат време

    13.10.2026 во 13:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.