Поддршка за студентите на Србија во пресрет на утрешните предвремени парламентарни избори во Србија од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во обнава на „Х“ пишува вели дека утре Србија гласа за ослободување од „криминална власт“, а дека поранешниот српски претседател Александар Вучиќ спремал изборен грабеж.
„Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаа да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите. Големи нерегуларности со избирачките списоци, издадените лични карти на странски државјани, голем притисок врз луѓето вработени во државниот сектор, контролирано и платено гласање, и апсолутна контрола на сите медиуми. На Македонија ѝ е позната оваа слика уште од времето на Груевски, а денес сме сведоци на повторно враќање во тоа време“, вели Филипче.
Според него, Орбан веќе падна, а сега редот бил на Вучиќ. „Сите знаеме кој е следен“, вели Филипче.
Студентите победуваат е пораката на претседателот на партијата.
„Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници. Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група. Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре. Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат, вели тој.
Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаа да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите. Големи нерегуларности со избирачките списоци, издадените лични карти на странски државјани, голем притисок врз луѓето вработени во државниот сектор, контролирано и платено гласање, и апсолутна контрола на сите медиуми. На Македонија ѝ е позната оваа слика уште од времето на Груевски, а денес сме сведоци на повторно враќање во тоа време. Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници. Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група. Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре. Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат. #3
— Venko Filipce (@VFilipche) October 24, 2026

