- Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?
- Тие се круната на празничната трпеза: Но, колку јајца треба да изедеме за Велигден
- 16-годишник избоде тинејџер
- Уапсени 12 возачи: Си возеле без дозвола, двајца биле мортус пијани
- Американците со голем гест за добра волја: САД ги одмрзнуваат иранските средства
- Милиони Иранци отсечени од светот: Земјата во „дигитален мрак“ повеќе од 40 дена
- Хаос на Бит Пазар: Се запалија три автомобили
- Дизелот поевтинува за 2,5 денари а бензинот за 1,5 денари
Author: Sofija Dizdarevik
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе учествуваат на панел-дискусија на тема „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“. Модератор на настанот ќе биде портпаролката на Владата, Марија Митева. Панел-дискусијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата, а ќе се пренесува и во живо на официјалниот Јутјуб канал на Владата. По завршувањето на панелот предвидена е и сесија за прашања од новинарите.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри е забележана во Пехчево, Берово, Смојмирово и Катланово. Од 00:10 часот има прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на граничниот премин Деве Баир, поради технички проблем со системот. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на…
Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 13 и 19 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне околу 17 степени. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе преовладува претежно сончево време. Во следните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд…
На денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната побара спојување на тековната постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници, кои се обвинети за истиот кривично-правен настан. Адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов, Ивана Коцевска, предложи спроведување единствена постапка, посочувајќи дека на 30 јануари 2026 година Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Скопје поднело обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот настан. Коцевска нагласи дека одвоеното водење на предметите може да доведе до различни судски заклучоци при утврдувањето на фактичката состојба. Кон предлогот се приклучија и останатите бранители. Адвокатот на обвинетиот…
Ивана Коцевска, адвокатката на сопственикот на кабарето „Пулс“, на денешното судење го извести Судот дека добиле усно одобрување од притворот во Шутка за преместување на Дејан Јованов. Обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово, според кое Јованов се пожалил пред судот, по што бил извршен разговор со него. Според информациите од затворот, тој немал забелешки за нечовечки или деградирачки однос од службените лица, туку се пожалил само на душекот. „Во врска со добиените сознанија дека Јованов се жали за нечовечко и деградирачко однесување од службените лица во затворот Куманово, извршен е разговор со него. Јованов посочи дека нема никакви…
На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница приведен е албански државјанин кој бил баран со меѓународна потерница. „Вчера во 15:05 часот на граничниот премин „Блато“, при влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода А.Б. (38) од Република Албанија“, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид. При пасошка и гранична контрола било констатирано дека лицето е баранo со меѓународна потерница од Интерпол – Унгарија. А.Б. е пренесен во Одделението за внатрешни работи – Дебар за понатамошна постапка. На истиот премин, во средината на минатиот месец,…
На 5 март 2026 година, во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б. (44) од Кичево, вработен во РЕК „Осломеј“. Според информациите, во 02:25 часот тој испратил порака до својот шеф, со која го информирал дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ е поставена бомба. По преземените мерки и извршените проверки заедно со обезбедувањето, полициските службеници констатирале дека бомба нема и дека станува збор за лажно пријавување. Р.Б. бил пронајден во викенд-куќа во кичевското село Осломеј и лишен од слобода. Тој признал дека пријавата била лажна и дека ја измислил за да може порано…
Последниот трагичен случај на семејно насилство, во кој животот го загубија мајката и нејзината шестгодишна ќерка, ја откри нефункционалноста на системот за заштита кој формално постои уште од 2004 година. Во целиот овој период, државата не презеде суштински мерки за промена на пасивниот пристап, а усвојувањето на закони, политики и стратегии не беше проследено со обезбедување на потребните финансиски и човечки ресурси за нивна ефективна имплементација, се наведува во соопштението на Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација. Соопштението ви го пренесува во целост: Како резултат, повеќе од 20 години опстојуваат истите системски слабости кои оневозможуваат ефективна…
Болен сум, не можам да доаѓам, се спремаат да ме лишат во Кочани, барам од Судот некое решение. Со такво тврдење пред денешното рочиште излезе обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот каде што беше кабарето „Пулс“. На рочиштето ќе бидат сослушувани сведоци. Милковски неодамна беше хоспитализиран, поради што едно од рочиштата беше одложено. „Болен сум, никој не ме сфаќа сериозно, барам нешто да преземете. Како да доаѓам кога немам сили, не можам да седам по пет часа овде и да ме возат“, рече тој пред Судот. Судијката Диана Илиевска-Груевска изјави дека била информирана за неговата здравствена состојба, но според нејзините…
Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6, со почетна цена од 1.344.636 денари, односно околу 21.800 евра. Аукцијата, според општинската прес-служба, ќе започне во 10 часот на интернет-страницата e-stvari.mk. „Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот“, се наведува во соопштението. Општината исто така информира дека огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило преку електронска аукција, е објавен и во Службен весник. „Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат…
