- Средба на јавниот обвинител Савески со холандската амбасадорка Џанел
- ЕУ предупредува на можен недостиг на гориво
- Трамп: Кина вети дека нема да го вооружува Иран по писменото барање од Белата куќа
- Хорор ден за скопјанец: Му го попречиле патот со возило, па физички го нападнале среде улица
- Средба Минчев – Маричиќ: Зајакнување на институционалната соработка и координацијата
- Сиљановска-Давкова: Анастас Коцарев е олицетворение на моќта на науката, но и верен македонски патриот
- Зеленски: Трамп не е на наша страна, неговите сигнали се поблиски до Русија
- Резултатите се објавени: МОН ги соопшти добитниците на стипендии за докторски студии за 2025/2026
Author: Sofija Dizdarevik
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ќе ја посети Општина Струга. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, Хоџа заедно со заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири, и градоначалникот Менди Ќира ќе извршат увид во активностите за замена на азбестните цевки. Станува збор за проект од големо значење, насочен кон подобрување на водоснабдувањето со вода за пиење и зголемување на безбедноста на граѓаните. Во текот на посетата, министерот ќе ги разгледа и другите тековни инфраструктурни и еколошки проекти што се реализираат на подрачјето на Општина Струга.
Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”
Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот ДНК и гости кои ја преживеале трагедијата, опишувајќи ги случувањата од ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска. Одговарајќи на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и активирал прскалките, таа изјави дека не знае и дека никогаш не видела…
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдување предлог-листа за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. На 26 минатиот месец пред членовите на Комисијата се претставија шест кандидати кои ги исполнија условите од Огласот за избор на член на Судскиот совет. Новиот член ќе се избира меѓу Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Штип. Според информациите од владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на настан по повод проширувањето на производствените капацитети за метални конструкции и делови од конструкции во Друштвото за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип. По завршувањето на настанот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, главно по суви коловози. Сите патни правци низ државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“. На дел од патиштата што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони. Од ЈП „Македонијапат“ апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.
Денес времето ќе биде претежно облачно, со можност за слаб локален дожд на повеќе места низ земјата и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе се засилува и ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 11 и 17 степени. Во Скопје се очекува облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени. За време на викендот…
Општина Аеродром распиша јавен повик за изразување интерес за ангажирање лица за извршување јавни работи во текот на 2026 година. Како што информира Јавно претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, право на пријава имаат сите евидентирани невработени лица, социјално ранливи категории и пензионери кои сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на подрачјето на општината. Ангажираните ќе работат на одржување на јавната хигиена, што опфаќа чистење на јавни површини, празнење корпи за отпад и собирање лисја и гранки, како и на уредување на зелените површини и парковите преку косење трева и хортикултурни зафати. Дел од активностите ќе…
Трагедија ја потресе Македонија кога едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на обиколницата Скопје – Тетово. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 15:50 часот. Според информациите, во близина на клучката Мирковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 44-годишниот Р.П. од селото Сарај, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
61% од вработените во Министерството за односи меѓу заедниците во време на претходната Влада добивале плата без да има доказ дека воопшто оделе на работа, утврди Државната ревизија по спроведениот преглед на работата на т.н. Министерство на Артан Груби. Ревизорите дале неповолно мислење за финансиските извештаи и утврдиле слабости во евиденцијата на средствата, при што 28% од основните средства или околу 25.000 евра недостигале, односно не биле пронајдени на попис. Дополнително, исплатени се над 500 илјади денари за гориво без контрола на регистарските таблици, што овозможило точење гориво и во возила кои не се во сопственост на Министерството. Во Министерството…
Во Основен суд Штип денеска започнува судскиот процес против 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишна штипјанка со иницијали Б.Н. Обвинетиот изјавил дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар. Кривичното дело се случило минатата година, а дел од телото на жртвата бил пронајден закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Според исказот даден пред Основно јавно обвинителство Штип, како мотив биле наведени љубомора и нарушени лични односи. По жената се трагало неколку дена, откако нејзината сестра го пријавила исчезнувањето. Според информациите на Министерство за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година,…
