Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Меѓуетничките тензии се опасни, уставните измени се желба на Албанците, но ја почитувам волјата на македонското мнозинство

    Гаши: Меѓуетничките тензии се опасни, уставните измени се желба на Албанците, но ја почитувам волјата на македонското мнозинство

    21.05.2026 во 21:594 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши. 

    Во интервју на ТВ Телма Гаши оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки.

    – Не сакам да зборувам за себе лично, мислам дека со примери, со дела треба да покажеме кој што прави. Но, во политика сум влегол во прилично тензична ситуација, каде што меѓуетничките односи не биле така сјајни, но упорно, не сум прифатил да бидам дел од тој наратив и тој политички дискурс и во својство на генерален секретар, и на опозициска партија, и на претседател на партија понатаму. Мислам дека овие односи се многу поважни, премногу важни и мислам дека тоа е единствениот или најбитниот столб на стабилност  во државата. И затоа сите треба да бидеме внимателни, најмногу ние политичарите. Сите тие кои не внимаваат на ова и потпалуваат, мислам дека се неодговорни, непатриотски, недоволно ја сакаат својата држава, својот народ, своите граѓани, рече Гаши во гостување во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

    Повикува на, како што рече, индивидуална одговорност, истакнувајќи дека секој е одговорен со функцијата што ја извршуваме и треба да внимава како се обраќа кон јавноста.

    Во однос на уставните измени рече дека нема промени во ставот но како претседател на Собрание, ги искажува државните позиции и оти тоа е однос кон ставот на мнозинството Македонци претставени преку пратенциите од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. 

    –  Нема ни транзиција во ставот, нема ни ни лицемерие. Искреност, истрајност, континуитет, нашите ставови како Влен и мојот личен став е истиот. Ние мислиме дека треба да има уставни измени. Но, од позиција на претседател на Собрание… јас не зборувам во име на Африм Гаши кога зборувам како претседател на Собрание, ги искажувам државните позиции. И денеска тоа е позиција на мнозинството, рече Гаши. 

    Нашиот став, дополни, е јасен и непроменлив – и личниот и на Влен и на сите пратеници Албанци во Собранието, дали се во опозиција или во власт, мислам дека е јасно тоа. Кога зборуваме за оваа тема и кога се работи за политичка волја на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои во разговорите кои сме ги имале  искажуваа дека се чувствуваат загрозени по идентитетот, јазикот и историјата, вие како сограѓанин, како Албанец во тој овој случај, не можете да одите против тие чувства на тие граѓани, впрочем кои се докажани на избори со голема доверба. И затоа, понекогаш почитта која ја искажувате преку према една политичка структура или пратеник, тоа е почитта која ја искажувате кон еден народ или една волја која е искажана на избори. И мислам дека е многу битно ова да се сфати. Ова е однос кон мнозинството  Македонци кои тоа го мислат на таков начин, претставени преку 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пет на ЗНАМ кои соочинуваат 63 пратеника, рече Гаши.  

    Како што наведе, се обидуваат да ја променат перцепцијата за работата на Собранието. – Најслабата карика е надзорната функција и се обидуваме да ја зајакнеме, посочи Гаши и дополни оти целта е „да се смени перцепцијата дека Собранието е гласачка машинерија на граѓаните“. 

    Прашан зошто Собранието направи подолга пауза во работата по трагедијата во Кочани, собранискиот спикер одговори дека „мислеле оти така ќе ја испочитуваат ситуацијата“.

    – Па нели е знак на почит молчењето, повеќе од една минута, или молчењето да нема пленарни седници каде што ќе слушате секакви зборови? Ние мислевме дека така на најдобар начин ќе ја испочитуваме ситуацијата. Затоа мислам дека тогаш, во тоа време, под тие емоции, ние – ова раководство на Собранието – одлучивме дека тоа е најдобриот одговор на таа ситуација. Дали сме погрешиле, дали би било поинаку подобро, тоа е веќе хипотетички. Јавноста нека суди, наведе претседателот на Собранието Гаши.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.