Author: Sofija Dizdarevik

Голем пожар избувна синоќа во култниот штипски ресторан „Мал одмор”. Со пламените јазици се справувале сите капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип, со три возила и дванаесет пожарникари, кои заедно со навивачката група „Ултра Банда“ учествуваа во гасењето на огнот, пренесе ТВ Стар. Пожарникарите и локалните навивачи успеале да го стават огнот под контрола и да биде спречено негово понатамошно ширење. Како што пренесе ТВ „Стар“, причина за пожарот била струјна инсталација.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на еден од клучните инфраструктурни проекти во главниот град – изградбата на булеварот „Борис Трајковски“. Јавната набавка веќе е објавена, а по завршување на законската постапка се очекува градежните работи да започнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е предвиден до крајот на календарската година, информираа од градските власти. Проектот предвидува изградба на модерен булевар во должина од 850 метри со четири коловозни ленти и пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со реализацијата на зафатот, според надлежните, трајно ќе се надмине долгогодишниот…

Повеќе

Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДС во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија. Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не…

Повеќе

Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство, се вели во соопштението од СДСМ. Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога. Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите. Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР, потфрлија Центрите за социјална работа, целиот институционален, државен систем. Формалното постапување, не почитувањето на законските одредби за…

Повеќе

СДС, Венко Филипче, Зоран Заев за остварување на свои лични интереси, водеа антидржавна политика. Самопрогласените про ЕУ и НАТО, Филипче и Заев во прегратките на руски олигарх и близок соработник на Путин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДС на Филипче и Заев беше на, македонско државјанство му дале на рускиот олигарх, Александар Онишченко и му овозможи во државата да тера бизниси. Онишченко е човек осуден на казна затвор од 15 години за перење пари и корупција и член и пратеник на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. За скандалот да биде поголем, владата предводена од…

Повеќе

Македонската економија заздравува и се движи во добра насока, поставени цели и проекции се остваруваат. Сериозниот пристап и внимателното проектирање и водењето на економските политики ги даваат своите резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Најновите податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека минатата година ја завршивме со раст на БДП од 3,5%, додека во четвртото тримесечје растот на економијата изнесува 3,8%. Растот на економската активност во четвртиот квартал е на широка основа, додека посветеност на Владата за реализација на капиталните инвестиции доведе до силна динамика на растот на градежништвото кој достигна 14,6%, кој се должи на зголемената активност…

Повеќе

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук. -Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21 отсто раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6 отсто раст…

Повеќе

Во државава најниската температура утрово во 7 часот е измерена во Берово и изнесуваше минус 3 степени, додека во Маврови Анови и на Попова Шапка беа измерени минус 1 степен. Нула степени се регистрирани во Битола и Скопје-Петровец, 1 степен во Струмица, Тетово и Крива Паланка, 2 степени во Прилеп, Куманово, Велес, Претор, Охрид и Штип, 3 степени во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Крушево, а 4 степени во Виница, Кавадарци и Гевгелија. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 74 сантиметри. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека попладне…

Повеќе

Државен завод за ревизија при ревизија на Министерство за односи меѓу заедниците за 2024 година утврдил сериозни неправилности во финансиското работење и усогласеноста со законите. Ревизорите констатирале дека не е спроведен целосен попис на средствата и обврските со состојба на 31 декември 2024 година, при што 28 проценти од вкупните основни средства со сегашна вредност од 1.565 илјади денари, односно 25.360 евра, не биле пронајдени. Меѓу нив се и 30 преносни компјутери, поради невоспоставена пракса за задолжување на вработените со реверси. За седум моторни возила не е воспоставена сметководствена и материјална евиденција, а за побарувања од вработени во износ од…

Повеќе

На 02.03.2026 година во 14:40 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Б.С. (51) од Скопје, поради агресивно однесување кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе