- ВИДЕО: Балканскиот рис повторно фатен на камера во Национален парк
- Експлозија на цената на нафтата од Северното Море: Пробиен прагот од 100 долари
- 78-годишен маж најде граната уште од Првата светска војна
- Тешка сообраќајка во Скопје: Голф се судри со мопед
- Седум млади лица завршија во полиција – полицијата ги фатила со дрога
- Уапсени десет возачи: Возеле без дозвола, мортус пијани, па дури и во спротивна насока
- Вапцање на јајца – еден од најстарите христијански обичаи
- Не сме ваши војници: Анкара со директен „шамар“ до Трамп за улогата на НАТО
Author: Sofija Dizdarevik
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван утрово во 5:21 часот во Гостивар и околината. Епицентарот се наоѓа во подрачјето Тетово – Гостивар, околу 45 километри западно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML 2.2, соопштува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
По 11 дена блокада, патниот правец Ќафасан – Елбасан, делницата Либражд – Прењас, е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила. Според објава на Агенцијата за патишта на социјалните мрежи, и тешките товарни возила ќе можат да се движат по овој пат, но со ограничување до 8,2 тона носивост. „Сообраќајот ќе се одвива преку привремена траса изградена веднаш до претходната постоечка, додека не се заврши алтернативната траса на коритото на реката Шкумбин, интегрирана со железничката пруга“, се наведува во соопштението. Патот ќе функционира со соодветна сигнализација на градилиштето, а привремено ќе остане неасфалтиран додека слоевите не се стабилизираат, по…
Познатиот српски актерски пар, Миодраг Драгичевиќ и Оливера Бациќ, се разведоа по пет години брак. Иако важеа за еден од најскладните парови, без скандали, извор близок до парот потврдил дека се развеле споразумно, без конфликти и лоши зборови. Тој неодамна за српските медиуми говореше на тема развод: – Мислам дека дојде време кога е модерно да кажеш разведен сум. Јас сум разведен маж или јас сум разведена жена и имам деца….а каде е пожртвеноста, толеранцијата и разбирањето?, говореше актерот. Српските медиуми пренесуваат дека одлуката за развод на бракот актерите ја донеле заедно. Миодраг е роден на 14 април 1994 година,…
Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа што во одреден момент геополитичките интереси на големите светски актери се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДСМ. „СДСМ во дипломатијата и меѓународните односи знае само за патлиџан дипломатија. Тие се сервилни и знаат само да ги распродаваат државните и националните интереси“, се вели во реакцијата на партијата. -СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа. Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за…
На локалниот пат Гевгелија – Граничен премин Богородица, синоќа околу 23 часот, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија лишиле од слобода Ф.С. (46) од Република Турција, кој превезувал мигранти. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „Дачија“ со албански национални ознаки, управувано од приведениот, во кое биле затекнати пет лица мигранти – четворица од Авганистан и едно лице од Турција, соопшти МВР. Ф.С. е приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Реља Поповиќ е еден од најуспешните српски рапери и актери, со бројни хитови и успешни филмови, но неговиот живот не бил секогаш лесен. Познатиот пејач, роден на 2 август 1989 година во Белград, едвај преживеал поради сериозен напад. На 22 мај 2008 година, додека седел во кафуле со пријателки, до нив седел видливо пијан маж кој им дофрлувал навредливи зборови и барал да му играат на маса. Реља, во одбрана на девојките, започнал расправија со него. Кога излегле од кафулето, мажот му ставил пиштол на глава, а Реља успеал да го симне оружјето — но куршумот го погодил во стомакот.…
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. За време на продолжениот викенд времето во Македонија според прогнозата на Accuweather ќе биде сончево и топло во петок, додека во сабота не очекува дожд. Во недела повторно сонце. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни…
Во Македонија утринава е регистриран послаб земјотрес со јачина од 2,2 степени. Земјотресот се случил во 05 часот и 21 минута. Според податоците од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот се наоѓал девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од пет километри.
Денеска времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната дневна температура ќе се движи од 14 до 20 степени. Според најновите мерења, најдебел снежен покрив има во Попова Шапка – 74 cm, додека најниската утринска температура е регистрирана во Берово, каде што термометрите покажале 0 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, слаб северен ветер и максимална температура до 19 степени.
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ. -Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија. Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за…
