- ВИДЕО: Балканскиот рис повторно фатен на камера во Национален парк
- Експлозија на цената на нафтата од Северното Море: Пробиен прагот од 100 долари
- 78-годишен маж најде граната уште од Првата светска војна
- Тешка сообраќајка во Скопје: Голф се судри со мопед
- Седум млади лица завршија во полиција – полицијата ги фатила со дрога
- Уапсени десет возачи: Возеле без дозвола, мортус пијани, па дури и во спротивна насока
- Вапцање на јајца – еден од најстарите христијански обичаи
- Не сме ваши војници: Анкара со директен „шамар“ до Трамп за улогата на НАТО
Author: Sofija Dizdarevik
На 01.03.2026 во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 1.03.2026 во 20:50 часот, во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 година до 1.03.2026 била вознемирувана и следена на повеќе локации од нејзиниот поранешен партнер, С.Н. (28). Тој и упатувал закани кон неа и кон нејзиното семејство. Се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот.
За изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани ја донесовме најрационалната одлука во моментот, со оглед на економската состојба на државата и нашите можности да го финансираме проектот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“, Николоски објасни зошто автопатската делница ќе се гради без тунел. – Разликата помеѓу опцијата со и без тунел изнесуваше 250 милиони евра, бидејќи се работи за тунел долг 5,3 километри. Ако би имале неограничен буџет, сигурно би го изградиле тунелот, но еден километар тунел чини околу 50 милиони евра, а проценетата вредност за овој тунел беше 250 милиони евра, со…
Во Собранието денеска ќе се одржи едукативната активност „Имам став“, наменета за ученици од средните училишта. Според информациите од собраниската прес-служба, во активноста ќе учествуваат ученици од СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“. „Имам став“ е симулација на постапката за разгледување предлог-закон во рамки на Собрание на Република Северна Македонија, преку која учениците практично се запознаваат со законодавниот процес. Целта е на младите да им се доближи работата на Собранието и начинот на носење закони, со што се поттикнува развој на демократската свест, критичкото размислување и нивната општествена и политичка ангажираност.
Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, а сите патни правци се проодни. На делници што минуваат низ усеци и клисури можно е појава на помали одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност. Од ЈП Македонијапат апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Казната е 45 евра или приближно 2800 денари.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на настанот во скопската населба Карпош, каде по пад од висококатница животот го загубиле жена и малолетно дете. Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека обвинителот наредил обдукција на телата, како и прибирање на траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на случајот. Во тек се разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат информации за причините и околностите под кои се случил настанот. Од Обвинителството најавуваат дека повеќе детали за преземените дејствија ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден. Според првичните информации, мајката и…
Поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска престојува во официјална посета на земјава. Негов домаќин е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Руте ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот, по што ќе следуваат тет-а-тет средба и пленарен состанок меѓу македонската и делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Руте. Во рамки на посетата, генералниот секретар ќе оствари средби и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом. Руте ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на презентација…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре, со највисоки државни и воени почести, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на земјата. По пречекот, како што соопшти Кабинетот на претседателката, ќе следува тет-а-тет средба, како и пленарен состанок помеѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО. Генералниот секретар Руте ќе оствари средби и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши, а потоа ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом. Според официјалното соопштение, генералниот секретар ќе ја посети и касарната „Илинден“.
СДС сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата. Единствено нешто што знаат од СДС сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. СДС е целосно изгубена во сопствената реторика и без јасна насока. СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев е без компас и без стратегија. СДС нема јасна цел, излегуваат со конфузни и контрадикторни пораки. СДС испраќа исти копи паст соопштенија, прес конференции…
