Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години

    БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години

    14.05.2026 во 22:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во Оружените сили на БиХ, со кои старосната граница за професионална воена служба се зголемува на 49 години. Предлог-законот беше поднесен од пратеникот Џемал Смајиќ од Партијата за БиХ.

    Со овие измени се зголемува старосната граница за служба во Оружените сили на БиХ со цел да се надмине недостигот на кадар и да се зајакне кадровската стабилност на вооружените сили.

    Главната цел е модернизација на правилата за служба и нивно усогласување со стандардите на НАТО. Во текот на расправата, пратеничката Марина Пендеш, во име на Заедничката комисија за одбрана и безбедност, оцени дека станува збор за важен закон со кој ќе се овозможи Оружените сили да функционираат со полн капацитет.

    Предлагачот Смајиќ потсети дека на усвојувањето на измените се работело две години и нагласи дека поместувањето на старосната граница и задржувањето на искусниот кадар ќе придонесат за функционалноста и стабилноста на Оружените сили. Тој посочи дека за спроведување на законот не се потребни дополнителни средства од буџетот и побара од Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ да го разгледа законскиот акт по итна постапка.

    Во новиот закон се наведува дека максималното времетраење на воената служба за професионалните воени лица во Оружените сили на БиХ за војниците од категоријата ОР 1-4 е 30 години, но најмногу до 49-годишна возраст, во согласност со потребите на службата и исполнувањето на психофизичките стандарди. Усвоен е и заклучок со кој се бара Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ да гласа за предлогот по итна постапк

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.