- Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите
- Ужас во Скопје: Татко со месеци физички ги малтретирал децата додека биле кај него на видување
- Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома
- Хорор во пробиштипско: Татко во својот дом го нашол синот со прострелна рана
- „Водата е живот“: Битолските основци и ЈКП „Водовод“ со силна порака за заштита на ресурсите
- Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак
- Мицкоски: Образованието не е трошок, туку најсилна инвестиција во иднината на државата
- Петрушевски: СДС и ДУИ му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Дака
Author: Sofija Dizdarevik
Подготовките за деценискиот план на Мицкоски за изолација на земјата и грабеж на граѓаните се во тек. Јавното обвинителство и судството се под контрола на власта, со подобни обивнители и судии блиски до Мицкоски, следува брутална партизација и на МВР, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ. Интегрален текст од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ: Додека криминалот и корупцијата царуваат насекаде, скандали со 5 тони дрога кои водат до врвот на власта, во МВР се случува операција за отстранување на неподобните професионалци и ставање партиски послушници. Со новиот Закон за внатрешни работи,…
На 2 април 2026 година, околу 16:55 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода, информира СВР Тетово. Во несреќата учествувале две патнички возила – „Киа“ и „Пежо“. Возилото „Пежо“ го управувала 36-годишна жена од Тетово, која не поседувала возачка дозвола. Поради претрпен стрес, а имајќи предвид дека станува збор за бремена жена, таа била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
На 2 април 2026 година, околу 17:48 часот, во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово – село Дабиље, на место викано „Ширината“ во атарот на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила. Станува збор за возило „Форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А. (37) од Берово, и возило „Шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (40) од Берово. Во несреќата тешки телесни повреди се здобил сопатникот во „Форд“-от, Џ.Д. (49) од Берово, додека возачот на „Шкода“-та, А.Г., се здобил со телесни повреди. Двете лица се префрлени и прегледани во Општа болница Кочани. Извршен…
На 2 април 2026 година, околу 09:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Ростуше ја лишија од слобода А.А. (45) од село Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Акцијата е спроведена врз основа на судска наредба и активна потерница, со која на осудената ѝ е изречена казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело согласно член 190 и член 45 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, А.А. веднаш е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Управата на националниот парк „Маврово“ започна со имплементација на систем за видеонадзор со цел повисоко ниво на заштита на природата и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите. Одделението за заштита и мониторинг на паркот постави камери на 60 локации низ територијата на паркот. Како што соопштија од НП „Маврово“, ова е во согласност со законските надлежности и обврски за заштита, одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите. -„На ваков начин ќе се следат дивите животни и нивната бројност. Дополнително, ќе се овозможи превенција и рано откривање на незаконски активности како бесправна сеча, лов, загадување и уништување на…
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи велигденски концерт в среда (8 април) од 20 часот, на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент на концертот ќе биде Најден Тодоров од Бугарија, а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска – сопран, Исмет Вејсели – тенор, Иван Наумовски – баритон/бас, како и хорот „ПроАрс“. На програмата ќе биде и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист. „Ѕвона“ е инспирирана од анонимно писмо со поемата на Едгар Алан По, добиено од Рахмањинов во 1907 година, кое рускиот симболист Константин Балмонт ја адаптирал. Делото следи драматургијата на четирите строфи и…
Скандалот со Дака потврди, за работа со ВМРО-ОКГ мора целосно да бидат исполнети сите услови, а условот е: црната листа на САД, се наведува во соопштението од СДСМ. И самите ВМРО-ОКГ и Александар Николовски признаваат дека „ сите услови се исполнети“. Ги исполнила фирмата на Дака сите услови а на црната листа на САД. Па како? Откако Антикорупцискиот тим на СДСМ ги фати живи дека сега дефокус, Заев, снимки, инженеринг, референдумот…што ли не. А Сања Божновска, која е вмешана во Руднап, Адамовиќ, главен оперативец на Мицкоски во енергетиката, токму таа ја ставила фирмата на Дака во Годишниот план за изградба…
Македонскиот народен театар (МНТ) денеска го одбележува 81. роденден од првата претстава на македонски јазик, со што почнува континуираната работа на театарскиот ансамбл. Првата реплика на македонски јазик „Сонцето, колку е блиску сонцето“ ја изговори актерката Вера Вучкова на 3 април 1945 година, на изведбата на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески. Лани МНТ го одбележа 80-годишниот јубилеј со сценско-музички проект во режија на Дејан Пројковски, „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, кој претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност,…
На 05.04.2026 со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што промовираат инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Средствата се наменети за индивидуализирани услуги со асистивна технологија за деца, млади и лица со различни попречености, вклучително и аутизам, преку обезбедување пристап до компјутер и интернет. Дополнително, се поддржува превенција и психо-социјална, психотерапевтска и психијатриска поддршка за млади во ризик од злоупотреба на дроги и нивните семејства, како и процеси на ресоцијализација. Повикот вклучува…
