Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница

    Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница

    13.05.2026 во 11:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патувањето со домашни миленици во земјите на Европската Унија од неодамна подлежи на нови, построги правила кои стапија на сила на 22 април 2026 година. Како што пренесува „Дона модерна“, целта на овие измени е зајакнување на здравствените контроли и спречување на ширење болести меѓу државите членки.

    Новите одредби се однесуваат на сопствениците на кучиња, мачки и творови, а во одредени случаи и на некои видови домашни птици. Задолжителни документи за преку граница се микрочип според европски стандарди, важечка вакцинација против беснило и европски пасош издаден од овластен ветеринар.

    „Контролите сега се подетални и покоординирани, особено кога станува збор за проверка на документите и идентификација на животните“, се наведува во новите регулативи.

    Микрочипот мора да биде регистриран и неговиот број целосно да се совпаѓа со оној во пасошот, во спротивно миленичето може да биде задржано на граница. Вакцинацијата против беснило мора да биде примена најмалку 21 ден пред патувањето.

    Дополнително, некои земји како Ирска, Финска и Малта бараат и задолжителен антипаразитски третман за кучињата. Експертите советуваат сопствениците да ги проверат документите неколку дена пред тргнување за да избегнат компликации на граничните премини.

    Прочитај повеќе

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.