Author: Sofija Dizdarevik

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, заедно со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и членот на Судскиот совет Александар Камбовски, во рамки на заедничката посета на Атина остварија повеќе работни средби со високи претставници на правосудните институции на Република Грција, насочени кон унапредување на владеењето на правото и меѓуинституционалната соработка. Делегацијата се сретнала со претседателката на Судот за ревизија, Сотириа Тоуни, и заменик-генералниот јавен обвинител Антонис Никитанис, при што биле презентирани улогата и мисијата на оваа институција, основана во 1829 година, со акцент на јавните финансии, превентивната контрола на јавните набавки и советодавната функција во однос на договорите на…

Повеќе

Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ- Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, вчера спроведе координирана операција на територијата на Република Северна Македонија. Извршени беа претреси на вкупно 7 ( седум) локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на Детска Порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик. Стружанецот Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал”кај кого полицијата изврши претрес вели дека се е хајка и директен удар врз слободата на медиумите. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk…

Повеќе

Во март годинава значително е намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторени сообраќајни прекршоци и поднесуваат приговор до надлежниот суд преку системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Во март 2026 година до судот се поднесени вкупно 65 приговори – 43 од физички лица и 22 од правни лица, додека во февруари бројот на приговори бил 476 (45 од физички и 431 од правни лица). Од доставените приговори во март, со пресуда веќе се завршени 92 предмети. Судиите од Одделот за прекршоци, вкупно 16, постапуваат по овие предмети, при што сите…

Повеќе

Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште. Кичеец бил посредник на Заев, кој Дака го рекетирал за да им завршат одредена бизнис услуга. На тогаш објавените снимки меѓу двајцата контроверзни ликови, Кичеец и Давидовиќ-Дака, се слуша и…

Повеќе

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4% во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Најголемо намалување е забележано во секторот Рударство и вадење камен – 6,3%, додека во Преработувачката индустрија бројот на работници се намалил за 3,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 0,4%. Според главните индустриски групи, намалувања има во Енергија за 2,4%, Капитални производи за 4,5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1% и Интермедијарни производи, освен енергија, за 3,0%. Единствено во групата Трајни производи за широка потрошувачка е забележано зголемување од 1,6%.

Повеќе

Најстудено утрово било на Попова Шапка со измерени -4 степени Целзиусови, додека во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе температурата се спуштила до 0 степени. Највисоки температури од 7 степени се забележани во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија. Најмногу врнежи во изминатите 24 часа паднале во Демир Капија – 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Виница и Лазарополе – по 3 литри на метар квадратен. Висината на снежната покривка на Попова Шапка во 8 часот изнесувала 77 сантиметри. Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот премин Пресека. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Повеќе

Поради обилните дождови, водата за пиење во Кавадарци и Неготино е заматена и се препорачува нејзино превривање пред употреба, информираа од јавните комунални претпријатија во двете општини. Од ЈП „Комуналец“ Кавадарци соопштија дека заматувањето е резултат на зголемен доток на вода од изворите Лукар и апелираа граѓаните да ја превриваат водата пред консумирање. Оттаму додаваат дека состојбата се следи и јавноста ќе биде навремено известена кога ќе дојде до нормализација. Исто предупредување упатија и од ЈП „Комуналец“ Неготино, од каде исто така препорачуваат водата за пиење да се преврива до стабилизирање на состојбата.

Повеќе

Владата ќе ја засили сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, тој посочи дека за реализација на проектот се обезбедени околу 1,5 милиони евра, дел од нив преку поддршка од Европската Унија. – Со заеднички средства од ЕУ и од државниот буџет инвестираме во Владин центар за одговор на сајбер инциденти. Целта е навремено да се следат и адресираат заканите во сајбер просторот – изјави Андоновски. Тој објасни дека со воспоставувањето на овој центар институциите ќе добијат поголем капацитет за справување…

Повеќе

Во изминатите денови на подрачјето на Скопје се пријавени неколку случаи на семејно насилство, информираат од полицијата. На 2 април 2026 година, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со 47-годишен скопјанец И.С., по пријава дека претходниот ден околу 18:00 часот во семејниот дом физички го нападнал својот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Претходно, на 1 април, во СВР Скопје 30-годишна жена пријавила дека околу 17:30 часот во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг Ж.Ј.(35), кој притоа употребил и тврд предмет. Истиот ден, во 20:30 часот, 45-годишна…

Повеќе